Малахија 2:1-17

2  „А сега, ви ја давам оваа заповед вам, свештеници!+  Ако не послушате+ и ако не го земете тоа присрце+ и не му дадете слава на моето име,“+ вели Јехова над војските, „ќе ви испратам проклетство+ и ќе ги проколнам вашите благослови.+ Да, веќе ги проколнав затоа што не ја земате присрце таа заповед.“  „Еве, поради вас ќе го уништам посеаното семе,+ и в лице ќе ви фрлам лепешки, лепешките од вашите празници, и вие ќе бидете фрлени врз нив.  И тогаш ќе знаете дека јас ви ја испратив таа заповед+ за да остане мојот сојуз+ со Леви“,+ вели Јехова над војските.  „А со него беше мојот сојуз, сојуз на живот и мир,+ кои му ги подарив за да се бои од мене. И тој се боеше од мене,+ страв го обзеде поради моето име.+  Законот на вистината му беше на устата,+ и неправда не му се најде на усните. Во мир и во чесност одеше со мене+ и многу луѓе одврати од престап.+  Зашто, усните на свештеникот треба да го чуваат знаењето, и од неговата уста треба да се бара законот,+ зашто тој е гласник на Јехова над војските.+  Но вие скршнавте од патот.+ Поради вас, мнозина не се држат за законот.+ Го обезвреднивте сојузот на Леви“,+ вели Јехова над војските.  „Затоа и јас ќе ве направам презрени и понижени пред сите луѓе,+ зашто не се држевте за моите патишта, туку пристрасно го применувавте законот.“+ 10  „Немаме ли сите еден татко?+ Зар не нѐ создаде еден Бог?+ Зошто тогаш постапуваме неверно еден кон друг,+ осквернувајќи го сојузот на нашите прататковци?+ 11  Јуда врши неверство, и се прават гадости во Израел и во Ерусалим,+ зашто Јуда ја сквернави светоста на Јехова,+ која Тој ја сака, и за невеста си зеде ќерка на туѓ бог.+ 12  Јехова ќе го истреби од шаторите на Јаков секој што постапува така,+ оној што е буден и оној што одговара, и оној што му принесува жртвен дар+ на Јехова над војските.“ 13  „А вие го правите уште и ова: поради вас жртвеникот на Јехова е покриен со солзи, плач и воздишки. Затоа повеќе не гледам на жртвениот дар и не ми е мило да примам нешто од вашите раце.+ 14  А вие велите: ‚Зошто?‘+ Затоа што Јехова е сведок помеѓу тебе и жената на твојата младост,+ со која постапуваш неверно, иако ти е другарка и жена со која си во сојуз.+ 15  Има и такви што не постапуваат така, бидејќи сѐ уште имаат Божји дух. Што бараат тие? Потомството Божјо.+ А вие чувајте го својот дух + и немојте да постапувате неверно со жената на својата младост.+ 16  Зашто, јас го мразам разводот“,+ вели Јехова, Богот на Израел, „и оној што ја прекрива својата облека со насилство“,+ вели Јехова над војските. А вие, чувајте го својот дух и немојте да постапувате неверно.+ 17  Со своите зборови го заморувате Јехова,+ а велите: ‚Како го заморуваме?‘ Со тоа што велите: ‚Сите што прават зло се добри во очите на Јехова и таквите му се мили‘+ или: ‚Каде е Богот на правдата?‘ “+

Фусноти