Лука 10:1-42

10  Потоа Господарот одреди седумдесетмина+ други и ги испрати двајца по двајца+ пред себе во секој град и во секое место каде што и самиот мислеше да дојде.  И им рече: „Вистина, жетвата+ е голема, а работници+ има малку. Затоа молете го+ Господарот на жетвата да испрати работници+ на својата жетва.  Одете! Ете, ве праќам како јагниња+ меѓу волци.  Не носете ќесе за пари, ниту торба,+ ниту сандали, и патем никого не поздравувајте+ долго, како што е обичај.  Кога ќе влезете во некоја куќа, најпрво речете: ‚Мир на оваа куќа!‘+  И ако таму има пријател на мирот, вашиот мир ќе остане на него.+ А ако нема, ќе се врати кај вас.+  Во таа куќа останете,+ па јадете и пијте што ќе ви понудат,+ зашто работникот е достоен за својата плата.+ Не преминувајте од куќа во куќа.+  Кога ќе влезете во некој град, ако ве примат, јадете што ќе ви принесат  и лекувајте+ ги болните во него. И кажувајте им: ‚Божјето царство+ се приближи до вас!‘ 10  А ако влезете во некој град и не ве примат,+ излезете на неговите улици и речете: 11  ‚И правот од вашиот град ви го истресуваме од своите нозе.+ Но знајте го ова: се приближи царството Божје!‘ 12  Ви велам дека во оној ден на Содом+ ќе му биде полесно отколку на тој град. 13  Тешко тебе, Хоразине!+ Тешко тебе, Витсаидо!+ Зашто, да се случеа во Тир и во Сидон моќните дела* што се случија во вас, тие уште одамна ќе се покаеја во козина и пепел.+ 14  Затоа, на Тир и на Сидон ќе им биде полесно во Судниот ден отколку вам.+ 15  А ти, Капернауме, зарем ќе се возвишиш до небото?+ Во гробот*+ ќе паднеш! 16  Оној што ве слуша вас, ме слуша и мене.+ Оној што ве отфрла вас, ме отфрла и мене. А кој ме отфрла мене, го отфрла и оној што ме испрати“.+ 17  Потоа седумдесеттемина се вратија радосни и рекоа: „Господару, дури и демоните ни се покоруваат+ кога го користиме твоето име!“ 18  Тогаш тој им рече: „Го гледав Сатана како падна+ од небото како молња. 19  Еве, ви дадов власт да газите по змии+ и скорпии+ и да ја надвладеете целата непријателска сила,+ и ништо нема да ви наштети. 20  Но, не радувајте се на тоа што духовите ви се покоруваат, туку радувајте се што вашите имиња+ се запишани на небесата“. 21  Во тој час светиот дух го исполни Исус со радост+ и тој рече: „Те славам, Татко, Господару на небото и на земјата, бидејќи си го скрил ова од мудрите+ и паметните, а си им го открил на малите деца! Да, Татко, зашто ти сакаше да биде така! 22  Мојот Татко ми предаде сѐ.+ Никој не знае кој е Синот, освен Таткото,+ и никој не знае кој е Таткото, освен Синот+ и оној кому Синот сака да му го открие“. 23  Тогаш се сврте кон учениците, па насамо им рече: „Среќни се очите што го гледаат ова што вие го гледате.+ 24  Зашто, ви велам, многу пророци и цареви сакаа да го видат+ ова што вие го гледате, но не го видоа, и да го чујат ова што вие го слушате, но не го чуја“. 25  И гледај, еден законик+ стана и го праша со намера да го искуша: „Учителе, што треба да правам за да наследам вечен живот?“+ 26  А тој му рече: „Што е напишано во Законот?+ Што читаш таму?“ 27  Човекот му одговори: „,Сакај го Јехова, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сета своја сила, и со сиот свој ум‘+ и ‚својот ближен како себеси!‘ “+ 28  Тогаш Исус му рече: „Исправно одговори. ‚Прави го тоа и ќе добиеш живот!‘ “+ 29  А човекот сакаше да се покаже праведен, па му рече на Исус: „А кој е мојот ближен?“+ 30  Тогаш Исус рече: „Еден човек слегуваше од Ерусалим кон Ерихон и налета на разбојници, кои го соблекоа и го претепаа, па си заминаа, оставајќи го полумртов. 31  А по тој пат случајно слегуваше еден свештеник, но кога го виде, помина на спротивната страна.+ 32  Исто така и еден Левит, кога го виде додека слегуваше по тој пат, помина на спротивната страна.+ 33  А еден Самарјанин,+ кој поминуваше по тој пат, дојде до него и, кога го виде, се сожали. 34  И му се приближи и му ги преврза раните, поливајќи ги со масло и со вино.+ Потоа го качи на своето добиче, па го однесе во еден конак и се погрижи за него. 35  Утредента извади два денарија,* му ги даде на сопственикот на конакот и рече: ‚Погрижи се за него, а што ќе потрошиш повеќе од ова, ќе ти платам кога ќе се вратам‘. 36  Што мислиш, кој од овие тројца му беше ближен+ на човекот кој налета на разбојниците?“ 37  Тој одговори: „Оној што му покажа милосрдие“.+ Тогаш Исус му рече: „Оди, па и ти прави така!“+ 38  Додека така патуваа, влезе во едно село. Таму една жена, по име Марта,+ го прими во својата куќа. 39  Таа жена имаше сестра која се викаше Марија. Таа седна крај нозете+ на Господарот и ги слушаше неговите зборови. 40  Марта, пак, беше многу зафатена+ со послужувањето. Затоа пријде и рече: „Господару, зарем не ти е грижа што сестра ми ме остави сама да послужувам?+ Речи ѝ да ми помогне!“ 41  А Господарот ѝ одговори: „Марта, Марта, се грижиш+ и се вознемируваш за многу работи,+ 42  а малку+ е потребно, или само едно. Марија го избра подобриот дел,+ кој нема да ѝ се одземе“.

Фусноти

Или: „чудата“.
Буквално: „адот“.
Види ги фуснотата за Мр 14:5 и додатокот 13.