Изреки 6:1-35
6 Сине мој, ако гарантираш за својот ближен,+ ако му дадеш рака на странец,+
2 ако те фатат во замка зборовите на твојата уста,+ ако те уловат зборовите на твојата уста,
3 направи го ова, сине мој, и ослободи се, зашто си му паднал в раце на својот ближен:+ оди, понижи се и опсипувај го со молби својот ближен.+
4 Не давај им сон на своите очи, ни дремка на своите клепки.+
5 Избави се како газела од раката на ловецот и како птица од раката на птичарот.+
6 Оди кај мравката,+ мрзливецу,+ набљудувај ги нејзините патишта и стани мудар.
7 Иако нема ни заповедник, ни управител, ни господар,
8 таа си приготвува храна лете,+ собира резерви од храна во времето на жетва.
9 До кога ќе лежиш, мрзливецу?+ Кога ќе станеш од спиење?+
10 Поспиј си уште малку, дремни си уште малку, скрсти си ги рацете и прилегни си уште малку,+
11 и сиромаштијата ќе ти дојде како арамија+ и немаштијата како вооружен човек.+
12 Човек никаквец+ и зол оди наоколу и зборува расипано,+
13 намигнува со окото,+ дава знаци со ногата, покажува со прстите.+
14 Изопаченоста му е во срцето.+ Во секое време смислува некое зло.+ Постојано започнува караници.+
15 Затоа, одненадеж ќе дојде неговата пропаст,+ одеднаш ќе се скрши и ќе нема лек.+
16 Шест работи мрази Јехова,+ седум ѝ се одвратни на неговата душа:+
17 горделиви очи,+ лажлив јазик+ и раце што пролеваат невина крв,+
18 срце што крои зли планови,+ нозе што брзо трчаат кон зло,+
19 лажен сведок што зборува лаги+ и оној што подбуцнува караници меѓу браќата.+
20 Сине мој, држи ја заповедта на татка си+ и не оставај ги упатствата* на мајка си.+
21 Секогаш врзувај си ги за срцето,+ врзувај си ги околу вратот.+
22 Кога ќе одиш, ќе те водат;+ кога ќе легнеш, над тебе ќе бдеат;+ и кога ќе се разбудиш, ќе внимаваат на тебе.
23 Зашто, заповедта е светилка+ и поуката* е светлина,+ а укорот и стегата* водат во живот.+
24 Ќе те чува од зла жена,+ од слаткоречивиот јазик на блудницата.*+
25 Не посакувај ја во своето срце нејзината убавина+ и не дозволувај да те освои со своите сјајни очи,+
26 зашто поради блудница човек на крајот паѓа на просјачки стап,+ а прељубницата лови скапоцена душа.+
27 Може ли некој да стави оган во пазувите, а да не му се запали облеката?+
28 Може ли некој да оди по жар, а да не си ги изгори нозете?
29 Така станува и со оној што ќе легне со жената на својот ближен+ — кој и да се допре до неа, нема да остане без казна.+
30 Не го презираат крадецот ако украде за да си ја насити душата затоа што е гладен.
31 Но кога ќе го фатат, ќе врати седумкратно — ќе даде сѐ што има од својата куќа.+
32 Кој прави прељуба со жена, безумен е.*+ Кој го прави тоа, си ја води душата во пропаст.+
33 Ќе добие болна рана и презир,+ и срамот нема да му се избрише.+
34 Зашто, љубомората го тера човекот на бес,+ тој нема милост во денот на одмаздата.+
35 Не се согласува на никаков откуп и нема да се смири, сеедно колку голем дар му нуди.
Фусноти
^ Буквално: „законот“.
^ Буквално: „законот“.
^ Буквално: „туѓинката“.
^ Буквално: „нема [разборито] срце“.