Изреки 25:1-28

25  И ова се мудри изреки на Соломон,+ кои ги препишаа луѓето на Езекија, царот на Јуда:+  За Бог е слава да чува некоја работа во тајност,+ а за царевите е слава да истражуваат некоја работа.+  Како височината на небото+ и длабочината на земјата,+ така и срцето на царевите е неистражливо.+  Отстрани ја запенетата згура од среброто, и тоа ќе излезе целото пречистено.+  Отстрани го злиот од пред царот,+ и неговиот престол ќе се зацврсти со праведност.+  Не величај се пред царот+ и не застанувај на местото на големците.+  Зашто, подобро е тој да ти каже: „Премести се на подобро место!“+ — отколку да те понижи пред достоинственикот, кого го видоа твоите очи.+  Немој пребрзо да поведуваш парница за да не се запрашаш што ќе правиш на крајот, кога твојот ближен ќе те посрами.+  Расправи го она што го имаш со својот ближен+ и не откривај ги туѓите тајни+ 10  за да не те посрами оној што те слуша, зашто лошиот глас што се раширил не може повеќе да се поправи. 11  Зборови кажани во право време се златни јаболка во сребрени садови.+ 12  Златна обетка и украс од суво злато, тоа е оној што мудро го укорува увото што слуша.+ 13  Како свежината на снегот+ во ден на жетва, таков е верниот пратеник за оние што го испраќаат, зашто ја крепи душата на своите господари.+ 14  Како облаци и ветар без дожд, таков е човекот што се фали со лажен дар.+ 15  Со стрпливост можеш да наговориш и заповедник, и благиот јазик коски крши.+ 16  Ако најдеш мед,+ јади само колку што ти е доволно, за да не се прејадеш, па да го повратиш.+ 17  Твојата нога нека стапнува ретко во куќата на твојот ближен, за да не се засити од тебе и да те замрази. 18  Човекот што сведочи лажно против својот ближен+ е како боздоган, меч и остра стрела. 19  Како скршен заб и нога што се тресе, таква е довербата во предавник во денот на неволја.+ 20  Оној што ја соблекува облеката во студен ден е како киселина излеана врз лужина и како оној што му пее песни на тажно срце.+ 21  Ако е гладен оној што те мрази, нахрани го со леб, и ако е жеден, напој го со вода.+ 22  Зашто, така му натрупуваш жар врз главата,+ и Јехова ќе те награди.+ 23  Северниот ветар донесува пороен дожд,+ а јазикот што издава тајна донесува осуда од другите луѓе.+ 24  Подобро е да живееш во аголот од покривот отколку во куќа заедно со жена кавгаџика.+ 25  Она што е студената вода за уморна душа,+ тоа е добрата вест од далечна земја.+ 26  Заматен извор и уништен бунар, тоа е праведникот кога се плаши од злиот.+ 27  Да се јаде премногу мед не е добро.+ И кога се бара чест за себе, дали е тоа тогаш чест?+ 28  Како еден град разурнат и без ѕидови, таков е човекот кој не владее со себеси.*+

Фусноти

Буквално: „својот дух“.