Изреки 14:1-35

14  Вистински мудрата жена си ја гради куќата,+ а глупавата ја руши со свои раце.+  Кој живее* справедливо, се бои од Јехова,+ а кој е расипан на своите патишта, го презира.+  Прачката на вообразеноста е во устата на глупавиот,+ а мудрите луѓе ги чуваат своите усни.+  Кај што нема говеда, јаслите се чисти, а родот е обилен поради силата на биковите.  Веродостојниот сведок не лаже,+ а лажниот сведок зборува лаги.+  Потсмевачот бара мудрост, и не ја наоѓа, а разборитиот лесно доаѓа до знаење.+  Бегај од безумен човек,+ зашто нема да слушнеш усни што кажуваат знаење.+  Мудроста на паметниот човек е во тоа што го разбира својот пат,+ а глупавоста на безумните е измама.+  Глупавите ја исмејуваат својата вина,+ а меѓу справедливите владее слога.+ 10  Срцето ја познава горчината на душата,+ а неговата радост не може да ја дели никој отстрана. 11  Куќата на злите ќе пропадне,+ а шаторот на справедливите ќе цвета.+ 12  Некој пат му се чини на човекот исправен,+ но на крајот води во смрт.+ 13  И во смеа срцето може да чувствува болка,+ и радоста завршува со тага.+ 14  Кој е безверен во срцето, се наситува со плодовите на своите патишта,+ а добриот човек — со плодовите на своите дела.+ 15  Лековерниот* верува на секој збор,+ а паметниот внимава на своите чекори.+ 16  Мудриот се плаши и се трга од злото,+ а безумникот е гневен и самоуверен.+ 17  Кој се гневи брзо, прави глупости,+ а човекот што размислува* е омразен.+ 18  Лековерните* наследуваат глупавост,+ а главата на остроумните ја краси знаењето.+ 19  Злите мора да се поклонат пред добрите,+ и опаките — пред вратата на праведникот. 20  Сиромавиот го мразат и неговите блиски,+ а богаташот има многу пријатели.+ 21  Кој го презира својот ближен, прави грев,+ а кој е милостив кон оние што се во неволја, среќен е.+ 22  Не талкаат ли оние што смислуваат зло?+ Но добрината* и вистинољубивоста се со оние што смислуваат добро.+ 23  Од секој труд има корист,+ а празните зборови водат до немаштија. 24  На мудрите круна им е нивното богатство, а глупавоста на безумните си останува глупавост.+ 25  Вистинитиот сведок избавува души,+ а лажниот зборува лаги.+ 26  Во стравот од Јехова човекот има цврста доверба,+ а неговите синови имаат прибежиште.+ 27  Стравот од Јехова е извор на животот,+ избавува од замките на смртта.+ 28  Многубројноста на народот е украс за царот,+ а без народ, владетелот пропаѓа.+ 29  Кој е бавен на гнев, многу е разборит,+ а кој е нестрплив, покажува глупавост.+ 30  Мирното срце е живот за телото,+ а љубомората е гнилеж за коските.+ 31  Кој го мами бедниот, го срамоти својот Творец,+ а оној што е милостив кон сиромашниот, Го слави.+ 32  Злиот човек ќе биде соборен поради својата злоба,+ а праведникот ќе најде прибежиште во својата непорочност.*+ 33  На разборитиот мудроста му почива во срцето,+ а безумниците насекаде ја разгласуваат својата мудрост. 34  Праведноста го возвишува народот,+ а гревот е срам за народите.+ 35  На царот му е мил слугата што постапува разборито,*+ а се гневи на оној што постапува срамно.+

Фусноти

Буквално: „оди“.
Или: „Неискусниот“.
Или: „што е способен да проценува“.
Или: „Неискусните“.
Или: „лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.