Изреки 11:1-31

11  Лажната вага му е одвратна на Јехова,+ а точниот тег му е пријатен.  Со вообразеноста доаѓа и срамот,+ а мудроста е кај скромните.+  Чесните ги води нивната непорочност,*+ а оние што постапуваат неверно ги упропастува нивната изопаченост.+  Богатството не помага во денот на гневот,+ а праведноста избавува од смртта.+  На непорочниот* неговата праведност му го израмнува патот,+ а злиот паѓа во својата сопствена злоба.+  Справедливите ги избавува нивната праведност,+ а оние што постапуваат неверно се фаќаат во сопствениот копнеж.+  Кога ќе умре еден зол човек, му пропаѓа надежта,+ а пропаѓа и довербата во силата.+  Праведникот е избавен од неволја,+ а злиот запаѓа во неа наместо него.+  Отпадникот го упропастува ближниот со својата уста,+ а праведниците се избавуваат со знаење.+ 10  Поради добротата на праведните, градот се весели,+ а кога ќе ги снема злите, се слушаат радосни извици.+ 11  Со благословот од справедливите градот се издига,+ а со устата на злите се разорува.+ 12  Неразумниот* го презира својот ближен,+ а вистински разборитиот човек молчи.+ 13  Кој оди наоколу и клевети,+ открива тајни,+ а кој е верен,* ги чува.+ 14  Кога нема мудро водство, народот пропаѓа,+ а спасот е во многу советници.+ 15  Кој гарантира за туѓинец,+ лошо ќе помине, а кој мрази да даде рака како гарант, без грижа е. 16  Жена со убави особини стекнува слава,+ а насилниците стекнуваат богатство. 17  Добродушниот човек* ѝ прави добро на својата душа,+ а суровиот човек му прави лошо на своето тело.+ 18  Злиот човек добива измамлива плата,+ а кој сее праведност, има вистинска заработка.+ 19  Кој се држи цврсто за праведноста, оди во живот,+ а кој трча по зло, оди во смрт.+ 20  Луѓето со расипано срце му се одвратни на Јехова,+ а оние што се непорочни* на својот пат му донесуваат радост.+ 21  Иако едната рака ѝ помага на другата рака, злиот нема да помине неказнето,+ а потомството на праведните ќе се избави.+ 22  Она што е златен прстен на рилка на свиња, тоа е жена убава, а неразумна.+ 23  Желбата на праведните донесува само добро,+ а злите можат да се надеваат само на жесток гнев.+ 24  Некој обилно дели, и има сѐ повеќе;+ друг го скратува она што би требало да го даде, и секогаш е во немаштија.+ 25  Душата која великодушно дава, и самата ќе биде добро нахранета,+ и кој обилно ги напојува другите, и самиот ќе биде обилно напоен.+ 26  Кој не дава жито, проколнат е од народот, а благословот е над главата на оној што го продава.+ 27  Кој се труди да прави добро, настојува да ја стекне наклоноста на другите,+ а кој бара зло, тоа и ќе го снајде.+ 28  Кој се надева на своето богатство, пропаѓа,+ а праведниците успеваат како зелени лисја.+ 29  Кој го доведува својот дом на лош глас,+ наследува ветар,+ и безумникот му станува слуга на оној што има мудро срце. 30  Плодот на праведникот е дрво на животот,+ и кој придобива души, мудар е.+ 31  Гледај, праведникот на земјата добива плата!+ Колку ли ќе добијат злиот човек и грешникот!+

Фусноти

Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Буквално: „Оној што нема [разборито] срце“.
Буквално: „има верен дух“.
Или: „Човекот кој покажува лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.