Евреите 6:1-20

6  Затоа сега, кога го оставивме основното учење+ за Христос,+ да напредуваме кон зрелост,+ не поставувајќи одново темел:+ покајанието од мртви дела+ и верата во Бог,+  учењето за крштавања,+ полагањето раце,+ воскресението на мртвите+ и вечниот суд.+  Тоа и ќе го сториме, ако допушти Бог.+  Зашто, оние што еднаш биле просветлени+ и го вкусиле небесниот дар+ и го примиле светиот дух+  и ја вкусиле+ добрата Божја реч и силите на поредокот* што доаѓа,+  а потоа отпаднале,+ не е можно да се доведат пак до покајание,+ зашто самите одново го приковуваат на столб* Синот Божји и го изложуваат на срам.+  Имено, земјата, која го впива дождот што често паѓа на неа и потоа раѓа растенија што се корисни за оние за кои таа и се обработува,+ прима благослов од Бог.  Но ако раѓа трње и плевел,* се отфрла и близу е до проклетство,+ а на крајот ја запалуваат.+  Но, иако вака зборуваме, сакани, уверени сме дека вие одите по еден подобар пат, кој води до спасение. 10  Зашто, Бог не е неправеден, па да го заборави вашето дело и љубовта што ја покажавте кон неговото име,+ така што им служевте на светите+ и продолжувате да им служите. 11  Но сакаме секој од вас да покажува таква трудољубивост за да бидете сѐ до крајот+ потполно сигурни+ во исполнувањето на својата надеж,+ 12  за да не станете мрзливи,+ туку да се угледате на*+ оние што поради својата вера и стрпливост го наследуваат она што е ветено.+ 13  Зашто, кога Бог му го даде ветувањето на Авраам,+ бидејќи не можеше да се заколне во некој што е поголем, се заколна во себеси:+ 14  „Навистина ќе те благословам и навистина ќе те намножам“.+ 15  И така Авраам, откако покажа стрпливост, го доби тоа ветување.+ 16  Зашто, луѓето се колнат во оној што е поголем,+ и нивната заклетва, како гаранција, им е крај на секоја препирка.+ 17  Затоа и Бог, сакајќи на наследниците на ветувањето+ појасно да им ја покаже непроменливоста на својата намера,+ ја загарантира со таа заклетва, 18  за да можеме — со помош на двете непроменливи работи во кои е невозможно Бог да лаже+ — ние кои побегнавме во Божјето прибежиште да примиме силно охрабрување, кое ни помага да се држиме за надежта+ што ни е дадена. 19  Таа надеж+ ни е како сигурна и цврста котва за душата и нѐ носи зад завесата,+ 20  каде што за нас како претходник влезе+ Исус, кој засекогаш стана првосвештеник сличен на Мелхиседек.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Мт 12:32.
Види го додатокот 8.
Или: „бодликав плевел; чички“.
Или: „ги имитирате“.