Дела на апостолите 9:1-43

9  Савле, кој сѐ уште им се закануваше на учениците+ на Господарот* и имаше силна желба да ги убива,+ отиде кај првосвештеникот  и побара од него писма за синагогите во Дамаск, за да може сите следбеници на Патот,* и мажи и жени, да ги доведе оковани во Ерусалим.+  Кога беше на пат, се приближи до Дамаск, ненадејно го осветли светлина од небото,+  па падна наземи и чу глас, кој му рече: „Савле, Савле, зошто ме прогонуваш?“+  А тој запраша: „Кој си ти, Господару?“ Овој рече: „Јас сум Исус, кого ти го прогонуваш.+  Сега стани+ и влези во градот! Таму ќе ти се каже што мораш да правиш“.  А луѓето што патуваа со него+ стоеја без зборови+ зашто, вистина, слушнаа дека некој зборува,+ но никого не видоа.  Тогаш Савле стана од земјата. Иако очите му беа отворени, ништо не гледаше,+ па го поведоа за рака и го одведоа во Дамаск.  Три дена ништо не гледаше+ и не јадеше, ниту пиеше. 10  А во Дамаск имаше еден ученик по име Ананија.+ Нему Господарот му рече во видение: „Ананија!“ А тој се оѕва: „Еве ме, Господару!“ 11  А Господарот му рече: „Стани, оди во улицата што се вика Права, и во куќата на Јуда побарај еден човек од Тарс,+ по име Савле. Тој токму сега се моли 12  и во видение виде како еден човек по име Ананија влегува и ги положува рацете врз него за да му се врати видот“.+ 13  Но Ананија одговори: „Господару, од мнозина чув за тој човек, колкави зла им нанел на твоите свети* во Ерусалим. 14  И ваму дојде со овластување од главните свештеници да ги стави во окови сите што го повикуваат твоето име“.+ 15  Но Господарот му рече: „Оди, зашто овој човек ми е избран сад+ за да им го носи моето име на незнабошците,+ и на царевите+ и на Израеловите синови. 16  Јас ќе му покажам колку мора да страда заради моето име“.+ 17  Така Ананија отиде и влезе во куќата, па ги положи рацете врз него и рече: „Брате Савле! Ме испрати Господарот, Исус, кој ти се појави на патот по кој доаѓаше, за да ти се врати видот и да се исполниш со свет дух“.+ 18  И веднаш од очите му падна нешто како лушпи, и му се врати видот. И стана, и се крсти, 19  па зеде храна и се поткрепи.+ И остана неколку дена со учениците во Дамаск,+ 20  па веднаш почна во синагогите да проповеда за Исус,+ дека тој е Божјиот Син. 21  А сите што го слушаа беа вчудовидени и велеа: „Зарем ова не е оној што во Ерусалим сакаше да ги истреби+ оние што го повикуваат ова име и кој дојде ваму за да им ги одведе во окови на главните свештеници?“+ 22  А Савле беше сѐ посилен и ги збунуваше Евреите што живееја во Дамаск, наведувајќи докази* дека Исус навистина е Христос.*+ 23  А кога помина доста време, Евреите се договорија да го убијат.+ 24  Но Савле дозна за нивниот заговор. Дење и ноќе ги надзираа и градските порти за да го убијат.+ 25  Затоа неговите ученици го зедоа ноќе и во кошница го спуштија низ еден отвор во ѕидот.+ 26  А кога стигна во Ерусалим,+ се обиде да им се придружи на учениците, но сите се плашеа од него, зашто не веруваа дека е ученик. 27  Тогаш Варнава се зазеде за него+ и го одведе кај апостолите, па подробно им раскажа како овој на патот го видел Господарот,+ кој му се обратил,+ и како во Дамаск+ смело зборувал во името на Исус. 28  И Павле остана со нив и слободно се движеше по* Ерусалим, смело говорејќи во името на Господарот.+ 29  И разговараше и расправаше со Евреите кои зборуваа грчки, а тие се обидуваа да го убијат.+ 30  Кога браќата го открија тоа, го одведоа во Цезареја и го испратија во Тарс.+ 31  Тогаш за собранието+ низ цела Јудеја, Галилеја и Самарија настапи време на мир во кое се изградуваше. И одеше во стравот од Јехова+ и во утехата на светиот дух,+ и постојано растеше. 32  А Петар, минувајќи насекаде, дојде и кај светите што живееја во Лида.+ 33  Таму најде еден човек по име Енеј, кој лежеше в постела осум години, зашто беше парализиран. 34  И Петар му рече:+ „Енеј, Исус Христос те оздравува!+ Стани и намести си ја постелата!“ И тој веднаш стана. 35  И го видоа сите што живееја во Лида и во рамницата Сарон+ и се преобратија кон Господарот.+ 36  А во Јопа+ имаше една ученичка по име Тавита, или на грчки Дорка.* Таа постојано правеше добри дела+ и им помагаше на сиромасите. 37  Но во тие денови таа се разболе и умре. Тогаш ја искапаа и ја положија во горната соба. 38  А бидејќи Лида е близу до Јопа,+ кога чуја учениците дека Петар е таму, испратија кај него двајца луѓе да го замолат: „Дојди кај нас, не колебај се!“ 39  Тогаш Петар стана и отиде со нив. Кога стигна, го одведоа во горната соба. И сите вдовици му пристапија, плачејќи и покажувајќи ги многуте облеки и наметки+ што ги изработувала Дорка додека била со нив.+ 40  А Петар сите ги испрати надвор,+ па клекна и се помоли, а потоа се сврте кон телото и рече: „Тавита, стани!“ А таа ги отвори очите, го здогледа Петар и седна.+ 41  Тој ѝ подаде рака и ја подигна.+ Тогаш ги викна светите и вдовиците и им ја покажа жива.+ 42  Тоа се расчу низ цела Јопа и мнозина поверуваа во Господарот.+ 43  А Петар остана долго време во Јопа+ кај еден кожар Симон.+

Фусноти

Види го додатокот 11.
Назив за христијанството како животен пат на оние што го следат Исус Христос.
Или: „светци“.
Или: „логично докажувајќи“.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Буквално: „и влегуваше и излегуваше од“.
И грчкото име „Дорка“ и арамејското име „Тавита“ значат „газела“.