Дела на апостолите 18:1-28
18 Потоа замина од Атина и дојде во Коринт.
2 И најде еден Евреин по име Акила,+ родум од Понт, кој неодамна беше дошол од Италија,+ и неговата жена Прискила, зашто Клавдиј+ беше наредил сите Евреи да го напуштат Рим. Така отиде кај нив
3 и, бидејќи се занимаваа со истиот занает, остана кај нив и работеше+ со нив. По занимање беа изработувачи на шатори.
4 А секоја сабота* држеше говор во синагогата+ и ги уверуваше Евреите и Грците.
5 А кога Сила+ и Тимотеј+ дојдоа од Македонија, Павле потполно му се посвети на проповедањето на речта, сведочејќи им на Евреите дека Исус навистина е Христос.*+
6 Но поради тоа што тие му се спротивставуваа и го навредуваа,+ тој ја истресе својата облека+ и им рече: „Вашата крв+ на вашите глави! Јас сум чист.+ Отсега ќе одам кај незнабошците“.+
7 И така се пресели оттаму и отиде во куќата на еден човек по име Тициј Јуст, кој го почитуваше Бог и чија куќа беше до синагогата.
8 А Крисп,+ настојникот на синагогата, поверува во Господарот заедно со сите во својот дом. И многу Коринќани кои слушаа, поверуваа и се крстија.
9 А ноќта Господарот му рече на Павле+ во видение: „Не плаши се, туку зборувај и немој да молчиш!
10 Јас сум со тебе+ и никој нема да те нападне и да ти нанесе зло, бидејќи имам многу народ во овој град“.
11 Така се задржа таму една година и шест месеци, поучувајќи меѓу нив за Божјата реч.
12 А додека Галион беше проконзул*+ на Ахаја,* Евреите сложно станаа против Павле и го одведоа пред судиската столица+
13 и рекоа: „Овој ги наговара+ луѓето да го почитуваат Бог на начин спротивен на законот“.
14 А кога Павле отвори уста за да каже нешто, Галион им рече на Евреите: „Евреи, да стануваше збор за некаква неправда или за опако злодело, би имал причина да ве сослушам.
15 Но, ако станува збор за расправии околу зборови и имиња+ и околу вашиот закон,+ решете го тоа самите. Јас не сакам да бидам судија во тоа“.
16 И ги истера од пред судиската столица.
17 Тогаш сите го фатија Состен,+ настојникот на синагогата, и почнаа да го тепаат пред судиската столица. Но на Галион воопшто не му беше грижа за тоа.
18 И Павле остана таму уште доста денови, а потоа се поздрави со браќата, па заедно со Прискила и Акила отплови за Сирија, откако во Кенхреја+ се истрижа кратко,+ зашто имаше завет.
19 Така стигнаа во Ефес. Таму ги остави, а самиот влезе во синагогата+ и расправаше со Евреите.
20 Тие го молеа да остане подолго време, но тој не се согласи,
21 туку се прости+ од нив и им рече: „Пак ќе се вратам кај вас, ако биде Јеховина волја“.+ И отплови од Ефес
22 и дојде во Цезареја. Потоа отиде горе* и го поздрави собранието, па отиде во Антиохија.
23 Таму помина некое време, а потоа замина и по ред ги обиколуваше местата во Галатија+ и Фригија,+ зајакнувајќи ги+ сите ученици.
24 А во Ефес стигна еден Евреин по име Аполо,+ родум од Александрија, речовит човек и добро упатен во Писмата.+
25 Тој беше поучен* за Јеховиниот пат и, бидејќи духот го поттикнуваше на горливост,+ точно зборуваше и поучуваше за Исус, но го познаваше само Јовановото крштавање.+
26 Така тој почна смело да зборува во синагогата. Кога го чуја, Прискила и Акила+ го повикаа кај себе и поточно му го објаснија Божјиот пат.
27 А бидејќи сакаше да отиде во Ахаја, браќата им пишаа на учениците и ги поттикнаа да го примат љубезно. Кога стигна таму, многу им помогна+ на оние што поверуваа поради Божјата незаслужена доброта,+
28 зашто силно ги побиваше Евреите во јавните расправи, докажувајќи од Писмата+ дека Исус навистина е Христос.+
Фусноти
^ Римска провинција на територијата на јужна Грција, со Коринт како главен град.
^ Најверојатно во Ерусалим.
^ Буквално: „усно поучен“.