Дела на апостолите 14:1-28
14 Во Иконија,+ Павле и Варнава влегоа заедно во еврејската синагога+ и зборуваа на таков начин што големо мноштво Евреи и Грци+ станаа верници.
2 Но Евреите што не поверуваа ги растревожија+ незнабошнците и ги подбуцнаа против браќата.+
3 Затоа тие останаа подолго време таму и зборуваа смело во името на Јехова, кој ја потврдуваше пораката за својата незаслужена доброта, давајќи им да прават чуда и предзнаци.+
4 Но мноштвото од градот се подели: едните беа за Евреите, а другите за апостолите.
5 Тогаш незнабошците и Евреите со своите поглавари тргнаа за да ги малтретираат и да ги засипат со камења.+
6 Кога апостолите дознаа за тоа, побегнаа+ во ликаонските градови Листра и Дерва и во нивната околина.
7 Таму ја објавуваа добрата вест.+
8 А во Листра имаше еден човек со парализирани нозе, сакат од мајчината утроба,+ кој никогаш не беше одел.
9 Тој човек седеше и го слушаше Павле како зборува. А тој погледна во него и кога виде дека има вера+ и дека може да биде излекуван,
10 рече со силен глас: „Стани, исправи се на нозе!“ И тој скокна и почна да оди.+
11 А кога виде што направи Павле, мноштвото извика на ликаонски јазик: „Боговите+ слегоа кај нас во човечки облик!“
12 И Варнава го нарекоа Зевс, а Павле Хермес, зашто тој ја водеше речта.
13 А Зевсовиот свештеник, чиј храм беше пред градот, доведе бикови и донесе венци пред портата и сакаше со мноштвото да принесе жртви.+
14 А кога чуја за тоа, апостолите Варнава и Павле си ја раскинаа облеката и се втурнаа меѓу мноштвото, викајќи:
15 „Луѓе, зошто го правите тоа? И ние сме само луѓе,+ како и вие!+ Ви ја објавуваме добрата вест да се обратите од тие ништожни работи+ кон живиот Бог,+ кој ги создаде небото+ и земјата и морето и сѐ што е во нив.
16 Тој во поранешните поколенија дозволи сите народи да одат по своите патишта,+
17 иако не ве остави без сведоштво за себе: правеше добро,+ ви даваше дожд+ од небото и плодоносни времиња и ги полнеше вашите срца со храна и веселост“.+
18 Иако го зборуваа тоа, едвај успеаја да го задржат мноштвото да не им принесе жртви.
19 Но од Антиохија и од Иконија стигнаа Евреи и го придобија мноштвото,+ па го каменуваа Павле и го одвлечкаа надвор од градот, мислејќи дека е мртов.+
20 А кога учениците го опколија, тој стана и влезе во градот. Утредента со Варнава замина за Дерва.+
21 Кога му ја објавија добрата вест на тој град и направија многу ученици,+ се вратија во Листра, во Иконија и во Антиохија,
22 јакнејќи ги учениците,+ храбрејќи ги да останат во верата и велејќи: „Во Божјето царство ќе влеземе преку многу неволји“.+
23 И во секое собрание им поставија старешини,+ па со молитва и пост+ му ги доверија на Јехова,+ во кого беа поверувале.
24 И поминаа низ Писидија и дојдоа во Памфилија.+
25 Во Перга ја објавуваа речта, а потоа заминаа во Аталија.
26 Оттаму отпловија за Антиохија,+ од каде што и тргнаа, доверени на Божјата незаслужена доброта за делото што сега го довршија.+
27 А кога стигнаа и го собраа собранието, им раскажаа+ за сѐ што направи Бог преку нив и дека на незнабошците им ја отвори вратата кон верата.+
28 И поминаа доста време со учениците.