Дела на апостолите 1:1-26

1  Првиот извештај, Теофиле,+ го составив во врска со сето она што Исус го правеше и за кое поучуваше+ од почетокот  па сѐ до денот кога беше вознесен,+ откако преку светиот дух им даде заповеди на апостолите што ги избра.+  Тој, откако пострада, им покажа со многубројни неоспорни докази дека е жив.+ Четириесет дена им се појавуваше и им зборуваше за Божјето царство.+  И кога се состана со нив, им заповеда: „Не заминувајте од Ерусалим,+ туку чекајте го она што го вети Таткото,+ за кое чувте од мене.  Зашто, Јован крштаваше со вода, но вие ќе бидете крстени со свет дух,+ и нема да поминат многу дни по ова“.  А кога се собраа, го прашаа: „Господару, дали во ова време ќе му го обновиш царството на Израел?“+  А тој им одговори: „Не е ваше да ги знаете времињата или раздобјата+ што Таткото ги има под своја власт,+  туку ќе примите сила+ кога светиот дух ќе дојде врз вас, и ќе ми бидете сведоци+ во Ерусалим,+ во цела Јудеја и Самарија+ и сѐ до крајот на земјата“.+  И откако им го рече тоа, беше подигнат пред нивни очи,+ и еден облак им го одзеде од погледот.+ 10  И додека тие втренчено гледаа кон небото како заминува,+ гледај, двајца мажи во бели+ облеки застанаа до нив 11  и рекоа: „Луѓе Галилејци, зошто стоите и гледате кон небото? Овој Исус, кој е земен од вас на небото, ќе дојде на истиот начин+ како што го видовте дека заминува на небо“. 12  Потоа се вратија+ во Ерусалим од планината која се вика Маслинска Гора. Таа е близу до Ерусалим и е оддалечена колку еден саботен* ден одење.*+ 13  И кога стигнаа, се качија во горната соба,+ каде што обично престојуваа. Тоа беа: Петар и Јован и Јаков и Андреј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков, синот на Алфеј, и Симон ревнителот и Јуда, синот на Јаков.+ 14  Сите тие еднодушно истрајаа во молитва,+ заедно со некои жени+ и со Марија, мајката на Исус, и со неговите браќа.+ 15  А во тие дни Петар стана меѓу браќата и рече (а се собраа околу сто и дваесет лица): 16  „Луѓе, браќа, требаше да се исполнат зборовите од Писмата,+ кои светиот дух+ ги прорече преку Давидовата уста за Јуда,+ кој ги доведе оние што го фатија Исус.+ 17  А тој се вбројуваше меѓу нас+ и доби дел во оваа служба.+ 18  (Тој, значи, стекна+ нива со платата за неправедното дело,+ па падна главечки удолу,+ се распукна по средината и му се истури целата утроба. 19  Тоа им стана познато и на сите Ерусалимци, така што таа нива на нивниот јазик беше наречена Акелдама, односно Крвна нива.) 20  Зашто, во книгата на Псалмите е напишано: ‚Неговото живеалиште нека се запусти и нека нема жители во него‘+ и ‚Неговата надгледничка служба нека ја преземе некој друг‘.+ 21  Значи, еден од мажите што се собираа со нас за сето време што Господарот Исус го помина со нас+ 22  почнувајќи од неговото крштавање од Јован+ до денот кога беше земен од нас+ — треба да стане со нас сведок на неговото воскресение“.+ 23  Па издвоија двајца, Јосиф наречен Варсава, кој доби прекар Јуст, и Матиј. 24  Тогаш се помолија и рекоа: „Јехова, ти кој ги познаваш срцата на сите луѓе,+ покажи кого од овие двајца си го избрал 25  да ги добие оваа служба и апостолството,+ од кое Јуда отстапи за да отиде по својот пат“. 26  Тогаш фрлија ждрепка+ за нив, и ждрепката падна на Матиј, и така тој беше додаден кон единаесетте+ апостоли.

Фусноти

На темел на ИсН 3:4, некои рабински толкувачи заклучуваат дека таа оддалеченост изнесувала околу 2.000 лакти (нешто помалку од 900 метри).
Буквално: „сабатен“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.