Даниел 5:1-31

5  Цар Валтазар+ им приреди голема гозба на илјада свои веледостојници, и пред тие илјада луѓе пиеше вино.+  Опиен од виното,+ Валтазар заповеда да ги донесат златните и сребрените садови,+ кои неговиот татко* Навуходоносор ги однесе од храмот во Ерусалим, за да пијат+ од нив царот и неговите веледостојници, неговите жени и наложници.  Тогаш ги донесоа златните садови однесени од храмот, од Божјиот дом во Ерусалим, и од нив пиеја царот и неговите веледостојници, неговите жени и наложници.  Пиеја вино и ги фалеа боговите од злато, сребро, бакар, железо, дрво и камен.+  Во тој миг се појавија прсти од човечка рака кои почнаа да пишуваат по малтерисаниот ѕид на царската палата,+ спроти светилникот, и царот ја виде раката што пишуваше.  Тогаш царот пребледе, мислите го исплашија,+ зглобовите на колковите му попуштија+ и колената почнаа да му се удираат едно со друго.+  Царот викна на сет глас да бидат доведени оние што повикуваат духови, Халдејците и оние што ги познаваат ѕвездите.*+ Тогаш царот им се обрати на вавилонските мудреци: „Кој ќе го прочита овој натпис што е напишан и ќе ми го открие неговото значење, ќе биде облечен во пурпур,+ ќе носи златен синџир околу вратот и ќе стане трет владетел во царството“.+  Тогаш влегоа сите мудреци на царот, но не можеа ниту да го прочитаат натписот ниту да му кажат на царот што значи.+  Затоа цар Валтазар се исплаши многу и пребледе, а неговите веледостојници останаа збунети.+ 10  Кога царицата чу за зборовите на царот и на неговите веледостојници, влезе во салата каде што беше гозбата. И царицата рече: „Царе, да си жив довека!+ Твоите мисли нека не те плашат и лицето твое нека не пребледува! 11  Во твоето царство има човек во кого е духот на светите богови.+ Во деновите на твојот татко, во него имаше проникливост,* разборитост* и мудрост слична на мудроста на боговите, и цар Навуходоносор, твојот татко, го постави за поглавар+ на свештениците што се занимаваат со магија, на оние што повикуваат духови, на Халдејците и на оние што ги познаваат ѕвездите — лично татко ти, царе — 12  зашто Даниел, кого царот го нарече Валтазар,+ се истакнуваше со умот,* со знаењето и со разборитоста потребна за толкување на сонови,+ како и со способност за објаснување на гатанки и за размрсување на замрсени работи.+ Затоа, нека го повикаат Даниел за да открие што значи ова“. 13  Тогаш го доведоа Даниел пред царот. А царот му се обрати на Даниел со овие зборови: „Дали си ти Даниел, еден од јудејските изгнаници,+ кого царот, мојот татко, го довел од Јуда?+ 14  Слушнав, дека во тебе е духот на боговите+ и дека во тебе има проникливост, разборитост и извонредна мудрост.+ 15  Сега ги доведоа пред мене мудреците и оние што повикуваат духови за да го прочитаат овој натпис и да ми го кажат неговото значење, но тие не можат да откријат што значат овие зборови.+ 16  А за тебе слушнав дека можеш да протолкуваш+ и да размрсиш замрсени работи. Значи, ако можеш да го прочиташ овој натпис и да ми го кажеш неговото значење, ќе бидеш облечен во пурпур, ќе носиш златен синџир околу вратот и ќе бидеш трет владетел во царството“.+ 17  Тогаш Даниел му одговори на царот: „Твоите дарови нека ти останат тебе, и своите подароци дај им ги на други.+ А јас ќе му го прочитам овој натпис на царот и ќе му го кажам неговото значење.+ 18  Царе, Севишниот Бог+ му даде на твојот татко Навуходоносор+ царство, величие, достоинство и величество.+ 19  И поради величието што му го даде, сите народи, племиња и јазици трепереа пред него и му се плашеа.+ Убиваше кого сакаше, удираше кого сакаше, возвишуваше кого сакаше и понижуваше кого сакаше.+ 20  Но кога се вообрази во срцето и се засили* во дрскоста,+ беше соборен од престолот на своето царство и му беше одземено неговото достоинство.+ 21  Го протераа откај човечките синови, срцето му стана како на животно и живееше со дивите магариња.+ Му даваа да јаде трева како што јадат говедата, а небесната роса му го воденеше телото+ додека не спозна дека Севишниот Бог владее над човечкото царство и дека над него поставува кого сака.+ 22  Но, ти, Валтазаре,+ сине* негов, не го понизи своето срце,+ иако го знаеше сето ова.+ 23  Туку се подигна против Господарот на небесата,+ па пред тебе ги донесоа дури и садовите од неговиот дом.+ И од нив пиевте вино ти и твоите веледостојници, твоите жени и наложници, и ги фалевте ништожните богови од сребро и злато, бакар, железо, дрво и камен,+ кои ништо не гледаат, и ништо не слушаат, и ништо не знаат,+ а на Бог, во чии раце е твојот здив+ и во чија власт се сите твои патишта,+ не му даде слава.+ 24  Затоа тој испрати рака и дозволи да се напише овој натпис.+ 25  А ова е натписот што е напишан: МЕНЕ, МЕНЕ, ТЕКЕЛ и ФАРСИН.* 26  Ова е значењето на зборовите: МЕНЕ: Бог ги изброи* деновите на твоето царство и му стави крај.*+ 27  ТЕКЕЛ: измерен* си на вага и се најде премногу лесен.+ 28  ФЕРЕС: твоето царство е разделено* и им е предадено на Медијците и Персијците“.*+ 29  Тогаш по заповед на Валтазар, го облекоа Даниел во пурпур, му ставија златен синџир околу вратот и го прогласија за трет владетел во царството.+ 30  Во истата таа ноќ халдејскиот цар Валтазар беше убиен,+ 31  а царството го презеде Медиецот Дариј,+ кој имаше околу шеесет и две години.

Фусноти

Или: „дедо“.
Или: „астролозите“.
Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.
Буквално: „светлина“.
Буквално: „со духот“.
Буквално: „и духот му се стврдна“.
Или: „внуче“.
Буквално: „мина, мина, сикел и половина сикли“. Арамејски: Мене́ Мене́ Теке́л уФарси́н. Фарси́н е множина од Пере́с што значи „половина сикел“.
„МЕНЕ: Бог ги изброи“ — арамејски: Мене́ мена- Елаха́.
Или: „го напушти“.
„ТЕКЕЛ: измерен“ — арамејски: Теке́л теки́лта.
„ФЕРЕС: твоето царство е разделено“ — арамејски: Пере́с периса́т малкута́х. Пере́с е еднина од Парси́н. Спореди ја фуснотата за 25. стих.
„На Медијците и Персијците“ — арамејски: леМадаи́ уФара́с. На арамејски јазик зборот „на Персијците“ ги има истите три согласки како и зборот Пере́с.