Галатите 3:1-29
3 О безумни Галати, кој е тој што ве измамил+ — вас кои јасно разбравте зошто Исус Христос беше прикован на столб?*+
2 Само ова сакам да го дознаам од вас: дали го примивте духот+ затоа што ги вршевте делата пропишани со законот+ или затоа што ја примивте со вера пораката што ја чувте?+
3 Толку ли сте безумни? Зар сега на телесен начин+ го довршувате она што го почнавте на духовен начин?+
4 Зар залудно толку претрпевте?+ Се надевам дека не беше залудно.
5 Значи, дали оној преку кого го добивате духот+ и кој врши моќни дела*+ меѓу вас, го прави тоа затоа што ги врши делата пропишани со законот или затоа што ја прифатил со вера пораката што ја чул?
6 Така и Авраам „му поверува на Јехова, и поради тоа тој го сметаше за праведен“.+
7 Знајте, пак, дека оние што се држат за верата+ се синови на Авраам.+
8 А Писмото, предвидувајќи дека, поради верата, Бог ќе прогласи за праведни луѓе од другите народи,* однапред му ја објави добрата вест на Авраам: „Преку тебе ќе бидат благословени сите народи“.+
9 Затоа, оние што се држат за верата, добиваат благослов+ исто како верниот Авраам.+
10 Зашто, сите оние што се потпираат на вршењето на делата пропишани со законот, се наоѓаат под проклетство, бидејќи е напишано: „Проклет да е секој што не се држи за сѐ што е напишано во свитокот на Законот и не го врши тоа“.+
11 А очигледно е дека пред Бог никој не е прогласен за праведен+ поради вршење на законот, зашто „праведникот ќе живее поради верата“.+
12 А Законот не се засновува врз верата, туку „оној што го врши, ќе има живот преку него“.+
13 Христос нѐ купил+ и така нѐ ослободил+ од проклетството на Законот, станувајќи проклетство+ наместо нас, зашто е напишано: „Проклет да е секој што е обесен на столб“.*+
14 Тоа се случи за Авраамовиот благослов да дојде преку Исус Христос на другите народи,+ за да го примиме ветениот дух+ поради својата вера.+
15 Браќа, ќе ви дадам пример од животот: дури и кога луѓето ќе склучат правосилен сојуз, никој не го поништува, ниту му додава нешто.+
16 А ветувањата им беа дадени на Авраам+ и на неговиот потомок.+ Не е речено: „И на потомците“, како да се однесува на многу, туку како на еден:+ „И на твојот потомок“,+ кој е Христос.+
17 Сакам да го кажам ова: Законот, кој настана четиристотини и триесет години+ подоцна, не може да го поништи сојузот што Бог порано го направи правосилен,+ ниту може да го укине ветувањето.+
18 Зашто, ако наследството се добива со закон, повеќе не се добива со ветување.+ А Бог му го подари на Авраам со ветување.+
19 Тогаш, за што служи Законот? Тој беше додаден за да се направат очигледни престапите,+ додека не дојде потомството+ на кое му беше дадено ветувањето. И беше пренесен со помош на ангели+ преку посредник.+
20 Но нема посредник кога постои само една страна, а Бог е само еден.+
21 Дали тогаш Законот е против Божјите ветувања?+ Никако! Зашто, да беше даден закон кој би можел да даде живот,+ тогаш праведноста ќе доаѓаше преку закон.+
22 Но Писмото+ предаде сѐ во заточение под власта на гревот,+ за да може ветувањето, кое произлегува од верата во Исус Христос, да им се даде на оние што веруваат.+
23 А пред да дојде верата,+ бевме чувани под законот,+ предадени во заточение, чекајќи ја верата која требаше да се објави.+
24 Така Законот ни беше воспитувач кој нѐ водеше до Христос,+ за да бидеме прогласени за праведни+ поради верата.
25 А откако дојде верата,+ повеќе не сме под воспитувач.+
26 Навистина, сите вие сте синови Божји+ поради својата вера во Христос Исус.
27 Зашто, сите вие што се крстивте за да бидете во единство со Христос,+ во Христос се облековте.+
28 Нема повеќе ни Евреин ни Грк,+ нема ни роб ни слободен,+ нема ни машко ни женско,+ зашто сите вие сте едно во единство со Христос Исус.+
29 А ако сте Христови, тогаш сте потомство на Авраам,+ наследници според едно ветување.+
Фусноти
^ Види го додатокот 8.
^ Или: „прави чуда“.
^ Или: „незнабошците“.
^ Или: „дрво“. Види го додатокот 8.