Јов 38:1-41

38  Тогаш Јехова му одговори на Јов од виорот:+   „Кој е тој што ја замрачува Божјата намерасо зборови во кои нема знаење?+   Те молам, заврати си ги скутовите на облеката како човеки пушти ме да те прашувам, а ти поучи ме.+   Каде беше ти кога ѝ ги поставив темелите на земјата?+Кажи ми, ако го разбираш тоа!   Знаеш ли кој ѝ ги одреди меркитеи кој го растегна над неа мерното јаже?   Во што се вглавени нејзините подножја+и кој ѝ го положи аголниот камен   додека утринските ѕвезди+ радосно извикуваа заеднои сите Божји синови*+ воскликнуваа од радост?   Кој го затвори морето со врати,+кога навре како од мајчина утроба,   кога го облеков со облаки го повив со густа темнина, 10  кога му одредив границаи му ставив врати со резиња,+ 11  и реков: ‚Довде можеш да доаѓаш, но не подалеку!+Тука ќе им биде границата на твоите горди бранови‘.+ 12  Си му дал ли некогаш во животот заповед на утрото да осамне?+Си ѝ го покажал ли на зората нејзиното место, 13  да ја фати земјата за краевитеи да ги истресе злобните од неа?+ 14  Тогаш земјата се преобразува како глина+ под печат,а она што е на неа го добива својот изглед, како да се облекува. 15  Злите се лишени од нивната светлина+и им се крши подигнатата рака.+ 16  Дали си допрел до изворите на моретои дали си ја истражувал некогаш водната бездна?+ 17  Дали ти се покажала вратата на смртта?+Можеш ли да ја видиш вратата на густата темнина?+ 18  Дали успеал твојот ум да ги запознае пространствата на земјата?+Кажи, ако го знаеш сето тоа! 19  Кој пат води до живеалиштето на светлината,+и каде е живеалиштето на темнината, 20  па да ги однесеш до нивната меѓаи да ги запознаеш патиштата што водат до нивната куќа? 21  Го знаеш ли тоа? Дали можеби си се родил тогаш,+па твоите денови се многубројни? 22  Си влегол ли во ризниците на снегот+и си ги видел ли ризниците на градот,+ 23  кои ги чувам за времето на неволјата,за денот на битката и војната?+ 24  По кој пат се шири светлинатаи се разнесува источниот ветар+ по земјата? 25  Кој ги насочува поројните дождовии му го одредува патот на громовниот буроносен облак,+ 26  за да паѓа дожд на земјата каде што нема човек,+на пустелија во која нема земен човек, 27  за да ги напои пустите краишта погодени од бура,да даде да никне трева?+ 28  Има ли дождот татко?+Кој ги родил капките роса?+ 29  Од чија утроба излегува ледот икој го раѓа небесниот мраз?+ 30  Водите се кријат како под камен,површината на водната бездна станува цврста.+ 31  Можеш ли да му ги заврзеш врските на соѕвездието Кима*или да му ги разврзеш јажињата на соѕвездието Кесил?*+ 32  Можеш ли да го изведеш во право време соѕвездието Мазароти да го водиш соѕвездието Аш* со неговите синови? 33  Ги познаваш ли законите што управуваат со небото+и можеш ли да им дадеш власт над земјата? 34  Можеш ли со својот глас да им довикнеш на облаците,па да те покријат надојдените води?+ 35  Можеш ли да ги испратиш молњите да отидати да ти кажат: ‚Еве нѐ‘? 36  Кој ставил мудрост+ во облацитеи кој им дал разбирање+ на небесните појави? 37  Кој може со својата мудрост да ги преброи облацитеили да ги преврти небесните ќупови,+ 38  па земниот прав да стане како растопена масаи грутките земја да се слепат? 39  Можеш ли на лавот да му ловиш плени на младите лавови+ да им го заситиш големиот глад 40  кога демнат во скривалиштата+или лежат во заседа во честакот? 41  Кој му приготвува храна на гавранот+кога неговите пилци викаат кон Бог за помош,кога талкаат затоа што немаат што да јадат?

Фусноти

Или: „ангели“, според Септуагинтата.
Види ја фуснотата за изразот „соѕвездието Кима“ во Јов 9:9.
Види ја фуснотата за изразот „соѕвездието Кесил“ во Јов 9:9.
Види ја фуснотата за изразот „соѕвездието Аш“ во Јов 9:9.