Courtesy Jamie Christiani/Bulletin of the Atomic Scientists

БИДЕТЕ БУДНИ!

Часовникот на судниот ден поместен поблиску до полноќ

Часовникот на судниот ден поместен поблиску до полноќ

 На 27 јануари 2026 год., научниците ги поместија стрелките на часовникот на судниот ден a поблиску до полноќ. „Полноќ“ ја претставува точката во која светот потенцијално ќе се соочи со глобална катастрофа.

  •   „Одборот за наука и безбедност при Билтенот на атомските научници денес ги поставува стрелките на часовникот на судниот ден на 85 секунди до полноќ, поблиску до целосна катастрофа од кога и да било досега“ (Bulletin of the Atomic Scientists).

  •   „Пораката на часовникот на судниот ден не може да биде појасна. Ризикот од катастрофа е сѐ поголем, соработка има сѐ помалку, а времето ни истекува. Промена е можна и неопходна, но луѓето низ целиот свет мора да бараат од своите лидери брзо да сторат нешто“ (Александра Бел, претседател и извршен директор на организацијата Bulletin of the Atomic Scientists).

 Дали се ближи крајот на човештвото и на нашата планета? Дали треба да се плашиме од она што ни го носи иднината? Што вели Библијата?

Што ни носи иднината

 Во Библијата пишува дека „земјата останува засекогаш“ и дека ќе има луѓе кои „ќе живеат на неа засекогаш“ (Проповедник 1:4; Псалм 37:29). Значи, луѓето нема да ја уништат Земјата, ниту пак ќе ја направат нашата планета непогодна за живот.

 Сепак, во Библијата се спомнува крај. На пример, во неа пишува „светот поминува“ (1. Јованово 2:17).

  •   За да дознаеш што значи крајот на светот што е спомнат во Библијата, прочитај ја статијата „Што е крајот?

  •   За да дознаеш што вели Библијата во врска со тоа кога ќе се случат некои настани во светот, прочитај ја статијата „Кога ќе дојде крајот на светот?

Остани позитивен

 И покрај моменталните проблеми во светот, Библијата може да ни помогне да останеме позитивни. Како?

 За да извлечеш најголема корист од Библијата, срдечно те покануваме да го пробаш бесплатниот библиски курс со некој Јеховин сведок уште денес.

a „Часовникот на судниот ден е симболичен часовник кој покажува колку сме близу до уништување на човештвото со некои од опасните човечки изуми. Тоа е метафора, потсетник за заканите за кои мора да преземеме нешто доколку сакаме да опстанеме на нашата планета“ (Bulletin of the Atomic Scientists).