Храбро оди со Бог
Оваа публикација може да ти помогне да стекнеш поголема вера и храброст.
Писмо од Водечкото тело
Водечкото тело искрено се надева дека оваа публикација ќе ви помогне да го следите примерот на верни мажи и жени од минатото кои покажале храброст.
ВОВЕД
Можеш да бидеш сѐ похрабар!
Целта на оваа книга е да ти помогне да си ја зголемиш храброста. Дознај како Јехова им помогнал на несовршени луѓе да ја стекнат храброста што им била потребна и како може да ти помогне тебе.
ДЕЛ 1
ДЕЛ 1
Од времето на патријарсите до времето на судиите
Во овој дел ќе разгледаме некои извонредни примери за вера и храброст, почнувајќи од времето на Енох, па сѐ до времето на пророкот Самоил.
Временски приказ за Дел 1
Графикон на кој се прикажани животниот век на некои библиски личности и важни библиски настани.
1 ЕНОХ
Храбро одел со Бог
Енох се издвојувал од луѓето од негово време на најмалку два начина. Како било возможно ова? Што може да научиме од него за храброста?
2 НОЕ
Го осудил светот
Во која смисла нашево време е слично со деновите на Ное? Дознај како ти би можел во животот да покажуваш храброст каква што имал Ное.
4 АВРААМ
Првиот човек кој водел една праведна војна
Што може да научиме од тоа што Авраам бил спремен да го спаси својот внук? Како гледал Јехова на храброста и на верата што ги покажал Авраам?
5 АВРААМ
Најтешкиот испит во неговиот живот
Како можеме по примерот на Авраам храбро да му бидеме послушни на Јехова? Што учиме од овој извештај за љубовта на Јехова?
6 РЕВЕКА
Тргнала кон непознатото
Ревека била жена со извонредна храброст и вера. Што може да научиме од нејзиниот пример?
7 ЈАКОВ
Храбро го штител своето семејство
Како примерот од Јаков те уверува дека вреди да се бориш за да добиеш благослов од Јехова?
8 ЈОСИФ
Не му попуштил на искушението
Дознај како примерот на Јосиф може да ти помогне да им се спротивставиш на искушенијата и да истраеш во неволјите.
9 СЕПФОРА, ФУА, АМРАМ, ЈОХАВЕДА И МАРИЈАМ
Покажале вера и го заштитиле Мојсеј
Бабиците, родителите на Мојсеј и неговата сестра покажале извонредна вера и храброст. Како може и ние да го правиме истото?
10 МОЈСЕЈ
Ја донел вистинската одлука
Каква одлука донел Мојсеј и зошто? Што можеш да научиш од неговиот пример?
11 МОЈСЕЈ
„Оди кај фараонот“
Како она што го доживеал Мојсеј нѐ уверува дека Јехова ќе нѐ поддржува дури и ако не се чувствуваме доволно способни да извршиме некоја задача што тој ни ја дава?
12 ХАЛЕВ
Му останал верен на својот Бог
Дознај како примерот на Халев може да ни помогне да се спротивставиме на притисокот да се поведуваме по мнозинството.
13 ИСУС НАВИН
Следел необични упатства
Какви необични упатства добил Исус Навин од Јехова? Во кои ситуации може да го следиме примерот на Исус Навин?
14 РААВ
Го избрала Јехова наместо својот народ
Што може да научиме од она што го направила Раав? Како била благословена за нејзината вера и нејзината храброст?
15 НОЕМИНА И РУТ
Останале една покрај друга во тешко време
На кои начини Ноемина и Рут покажале храброст? Што може да научиме од нивниот пример?
16 ВАРАК И ДЕВОРА
„Ќе дојдам со тебе“
Варак настојувал Девора да оди со него на бојното поле. Дали ова било знак на слабост или на силна вера?
17 ЈАИЛА
„Благословена да е повеќе од сите жени“
Храбрата постапка на Јаила против еден непријател на Јехова не е заборавена до ден-денес. Зошто денес, повеќе од кога и да е порано, ни е потребна храброст каква што имала таа?
18 ГЕДЕОН
Бил храбар и претпазлив
Во кои ситуации може да биде потребно да бидеме и храбри и претпазливи?
19 ЈЕФТАЈ И НЕГОВАТА ЌЕРКА
Исполниле тежок завет
Како може примерот на Јефтај и неговата ќерка да ни помогне нам денес?
20 САМСОН
Побарал сила од Бог кога бил слаб
Што може да научиме од она што го направил Самсон по својата грешка?
21 САМОИЛ
Момче кое храбро пренело порака од Бог
Кога можеби на младите ќе им биде потребна храброст да се заземат за она што е исправно?
За жал, нема изрази што одговараат на твојот избор.

