1. Мојсеева 8:1-22
8 Потоа Бог се сети+ на Ное, на сите диви животни и на сите домашни животни што беа со него во арката,+ па Бог пушти ветар да задува над земјата, и така водите почнаа да опаѓаат.+
2 И се затворија изворите на водната бездна*+ и небесните брани,+ и престана поројниот дожд од небото.
3 Водите почнаа да истечуваат од земјата и постепено да се повлекуваат. И по сто и педесет дена, водите се намалија.+
4 А во седмиот месец,* на седумнаесеттиот ден од тој месец, арката+ запре на Араратските Планини.+
5 Водите постепено се намалуваа до десеттиот месец.* А во десеттиот месец, на првиот ден од тој месец, се појавија планинските врвови.+
6 Така, по четириесет дена, Ное го отвори прозорецот+ на арката, кој го беше направил.
7 Потоа пушти гавран,+ а тој постојано одлетуваше и долетуваше сѐ додека не се исушија водите од земјата.
8 Подоцна пушти гулабица+ за да види дали се повлекле водите од површината на земјата.
9 Но гулабицата не најде каде да застане со нозете, па се врати кај него во арката, бидејќи водите сѐ уште ја покриваа целата површина на земјата.+ А тој ја испружи раката, ја зеде и ја внесе кај себе во арката.
10 Тогаш почека уште седум дена, па повторно ја пушти гулабицата од арката.
11 Приквечерта гулабицата му се врати, и гледај, во клунот имаше свеж маслинов лист.+ Така Ное дозна дека водите се повлекле од земјата.+
12 Откако почека уште седум дена, пак ја пушти гулабицата, но таа повеќе не му се врати.+
13 А до првиот ден од првиот месец* во шестотини и првата година,+ истекоа водите од земјата. Тогаш Ное го откри покривот на арката и погледна, и гледај, површината на земјата беше исушена.+
14 И во вториот месец, на дваесет и седмиот ден од тој месец, земјата беше сосема сува.+
15 Тогаш Бог му рече на Ное:
16 „Излезете од арката, ти и твојата жена и твоите синови и жените на твоите синови со тебе.+
17 Сите видови животни што се со тебе, сите суштества:+ суштествата што летаат,+ стоката+ и сите други животни што се движат по земјата+ изведи ги со себе за да изобилува земјата со нив, да се плодат и да се множат на земјата“.+
18 Тогаш Ное излезе, а со него излегоа и неговите синови,+ жена му и жените на неговите синови.
19 Сите суштества, сите животни што се движат и сите суштества што летаат, сѐ што се движи по земјата излезе од арката според својот вид.+
20 Потоа Ное му изгради жртвеник+ на Јехова и зеде од сите чисти животни+ и од сите чисти суштества што летаат,+ па принесе на жртвеникот жртви паленици.+
21 И Јехова го помириса успокојувачкиот мирис.+ Затоа Јехова си рече во срцето:+ „Никогаш повеќе нема да ја проколнам земјата+ поради човекот, затоа што човечкото срце е склоно+ кон зло од неговата младост,+ и никогаш повеќе нема да удрам сѐ што е живо, како што го сторив тоа сега.+
22 Во сите денови додека постои земјата, нема да престане ни сеидбата ни жетвата, ни студот ни жегата, ни летото ни зимата, ни денот ни ноќта“.+

