1. Мојсеева 23:1-20
23 Сара живееше сто дваесет и седум години. Толку поживеа Сара.+
2 Сара умре во Киријат-Арва,+ односно во Хеврон,+ во ханаанската земја,+ и Авраам дојде да тагува по Сара и да ја оплаче.
3 Потоа Авраам стана од пред својата покојница и им рече на синовите на Хет:+
4 „Дојденец сум и доселеник меѓу вас.+ Продајте ми едно место за гроб кај вас за да ја однесам мојата покојница и да ја погребам!“+
5 А синовите на Хет му одговорија на Авраам:
6 „Чуј нѐ, господару!+ Ти си кнез Божји меѓу нас.+ Погреби ја својата покојница во нашиот најдобар гроб!+ Никој од нас нема да одбие да ти го даде својот гроб за да можеш да ја погребеш својата покојница“.+
7 Тогаш Авраам стана и им се поклони на жителите на таа земја,*+ на синовите на Хет,+
8 и им рече: „Ако е по волја на вашата душа да ја однесам и да ја погребам својата жена, послушајте ме и замолете го во мое име Ефрон, синот на Сохар,+
9 да ми ја даде пештерата Макпела,+ која е негова, а се наоѓа на крајот од неговата нива. Нека ми ја продаде за гроб+ пред ваши очи за онолку сребро колку што чини“.
10 А Ефрон седеше тука меѓу синовите на Хет. Затоа Ефрон Хетеецот+ му одговори на Авраам за да го чујат со свои уши синовите на Хет и сите оние што влегуваа низ портата на неговиот град:+
11 „Не, господару! Послушај ме! Таа нива ти ја давам, сосе пештерата што е на неа ти ја давам. Ти ја давам пред очи на синовите на мојот народ.+ Погреби ја својата покојница!“
12 Тогаш Авраам се поклони пред жителите на таа земја
13 и му рече на Ефрон за да го чујат тие со свои уши: „Само кога би ме послушал! Не, мораш да ме послушаш! Со сребро ќе ти ја платам таа нива. Земи го од мене+ за да можам да ја погребам таму својата покојница!“
14 А Ефрон му одговори на Авраам:
15 „Послушај ме, господару! Земјата вреди четиристотини сикли* сребро, но што е тоа меѓу мене и тебе! Затоа, погреби ја својата покојница“.+
16 И Авраам го послуша Ефрон и му измери на Ефрон онолку сребро колку што тој му рече пред синовите на Хет, четиристотини сикли сребро според трговската мера.+
17 Така нивата на Ефрон што беше во Макпела спроти Мамре — нивата и пештерата што беше на неа и сите дрвја што беа на нивата+ оградени со меѓите наоколу —
18 премина во сопственост+ на Авраам пред очи на синовите на Хет, пред сите што влегуваа низ портата на неговиот град.+
19 Потоа Авраам ја погреба својата жена Сара во пештерата на нивата Макпела спроти Мамре, односно Хеврон, во ханаанската земја.+
20 Така синовите на Хет потврдија дека нивата со пештерата што беше на неа му припаѓа на Авраам како гробница.+

