Псалм 97:1-12

97  Јехова стана цар!+ Нека се весели земјата!+Нека се радуваат многубројните острови!*+  2  Го обвиткуваат облаци и густа темнина.+Праведноста и правдата се темелот на неговиот престол.+  3  Пред него оди оган+и ги проголтува неговите противници наоколу.+  4  Неговите молњи го осветлија копното.*+Земјата го виде тоа и ја обзеде тешка болка.+  5  Планините се растопуваат како восок пред Јехова,+пред Господарот на целата земја.+  6  Небесата ја објавуваат неговата праведност,+сите народи ја гледаат неговата слава.+  7  Нека се засрамат сите што им служат на режани ликови,+оние што се гордеат со безвредни богови.+Поклонете му се нему, сите богови!+  8  Сион слушна и се израдува,+се развеселија Јудините села+поради твоите закони, Јехова.+  9  Зашто ти си, о Јехова, Севишниот над целата земја.+Многу високо се издигна — над сите други богови.+ 10  Вие кои го сакате Јехова,+ мразете го злото!+Тој ги чува душите на оние што му се лојални,+од раката на злите тој ги избавува.+ 11  Светлина засвети за праведникот+и радост за оние што имаат справедливо срце.+ 12  Радувајте му се на Јехова, праведници,+и фалете го неговото свето име!*+

Фусноти

^ Или: „приморски краишта“.
^ Буквално: „плодното тло“.
^ Буквално: „спомен“.