Псалми 72:1-20

Во врска со Соломон. 72  Боже, дај му ги своите закони на царот+и својата правда на царевиот син.+  2  Нека му суди на твојот народ според правдата+и на страдалниците твои според законот.+  3  Планините и ридовите нека му донесат мир на народот+со правдата.  4  Нека им суди на страдалниците од народот,+нека ги спаси синовите на сиромавиоти нека го сотре оној што ги измамува.  5  Тие ќе се бојат од тебе додека постои сонцето+и додека постои месечината, од поколение во поколение.+  6  Тој ќе се спушти како дожд на косена трева,+како обилни дождови што ја натопуваат земјата.+  7  Во неговите дни ќе процвета праведникот+и ќе има голем мир сѐ додека постои месечината.+  8  Ќе има поданици од море до море+и од Реката*+ до краиштата на земјата.+  9  Пред него ќе се поклонат жителите на безводните краишта,+неговите непријатели ќе ја лижат прашината.+ 10  Царевите на Тарсис и на островите*+ќе плаќаат данок.+Царевите на Сава и Севаќе донесуваат подароци.+ 11  И сите цареви ќе паднат ничкум пред него,+сите народи ќе му служат.+ 12  Зашто, тој ќе го избави сиромавиот кој вика за помош,+страдалникот и секој што нема помошник.+ 13  Ќе се сожали на бедниот и на сиромавиот+и ќе ги спаси душите на сиромасите.+ 14  Од угнетување и од насилство ќе ја откупи нивната душа,нивната крв ќе биде скапоцена во негови очи.+ 15  Нека биде жив+ и нека му дадат злато од Сава.+Луѓето за него постојано нека се молат,благослов нека го следи по цел ден.+ 16  На земјата житото богато ќе роди,+по планинските врвови ќе го има во изобилство.+Неговиот род ќе биде како ливанските дрвја,+а градските жители ќе цветаат како растенијата на земјата.+ 17  Неговото име нека трае довека!+Неговото име нека расте пред сонцетои со Него нека се благословуваат луѓето!+Сите народи нека го нарекуваат среќен!+ 18  Да е благословен Јехова Бог, Богот на Израел,+кој е единствен што прави чудесни дела.+ 19  И да е благословено неговото славно име довека,+неговата слава нека ја исполни целата земја.+Амин! Амин!* 20  Овде завршуваат молитвите на Давид, синот на Јесеј.+

Фусноти

Односно Еуфрат.
Или: „приморските краишта“.
Види ја фуснотата за Пс 41:13.