Псалми 46:1-11

На управителот. Псалм од синовите на Кореј,+ за „Девојките“. Песна. 46  Бог ни е прибежиште и сила,+помош која лесно се наоѓа во неволја.+  2  Затоа нема да се плашиме, дури и земјата да се преобрази+и планините да се затресат и да се урнат во срцето на големото море,+  3  и неговите води да се разбрануваат, да се запенат,+и планините да се потресат од неговиот татнеж.+ (Села)  4  Постои река чиишто потоци го радуваат Божјиот град,+најсветото величествено живеалиште на Севишниот.+  5  Бог е среде тој град,+ затоа нема да се разниша.+Бог ќе му помогне наутро кога ќе се раздени.+  6  Народите се вознемирија,+ царствата се разнишаа.Тој го пушти гласот, земјата почна да се топи.+  7  Јехова над војските е со нас,+Богот на Јаков е за нас сигурна тврдина на високо место.+ (Села)  8  Дојдете, гледајте ги делата на Јехова,+зачудувачките работи што ги направи на земјата!+  9  Ги прекинува војните до крајот на земјата.+Го крши лакот, го здробува копјето,+со оган ја пали колата.+ 10  „Покорете се и сознајте дека јас сум Бог!+Ќе се возвишам меѓу народите,+ќе се возвишам на земјата.“+ 11  Јехова над војските е со нас,+Богот на Јаков е за нас сигурна тврдина на високо место.+ (Села)

Фусноти