Исаија 20:1-6

20  Во онаа година кога тартанот*+ дојде против Азот,+ кога беше испратен од Саргон, царот на Асирија,+ па го нападна Азот и го освои,+ 2  Јехова зборуваше преку Исаија, синот на Амос,+ и рече: „Оди,+ симни ја козината од колковите+ и собуј ги сандалите од нозете!“+ И тој направи така, па одеше гол* и бос.+ 3  Потоа Јехова рече: „Како што мојот слуга Исаија одеше гол и бос три години како знак+ и предзнак против Египет+ и против Етиопија,+ 4  така царот на Асирија ќе ги одведе заробените Египќани+ и протераните Етиопјани — деца и старци, голи и боси и со голи задници, откривајќи ја голотијата на Египет.+ 5  Тогаш ќе се исплашат и ќе се посрамат од Етиопија, својата надеж,+ и од Египет, својата убавина,+ 6  и во тој ден жителите на ова приморје ќе речат: ‚Еве, тоа е нашата надеж кај која бегавме за помош, за да нѐ избави од асирскиот цар!+ А како да се спасиме ние?‘“

Фусноти

Види ја фуснотата за 2Ца 18:17.
Односно, „скудно облечен“.