Исаија 15:1-9
15 Објава против Моав:+ замолкнат е Ар-Моав,+ зашто беше опустошен ноќе. Замолкнат е Кир-Моав,+ зашто беше опустошен ноќе.
2 Тој заминува во храмот и во Девон,+ на високите места, за да плаче. Моав плаче горко над Нево+ и над Медева.+ Сите глави во него се избричени, сите бради се отсечени.+
3 На неговите улици луѓето препашуваат козина.+ На неговите покриви+ и на неговите плоштади сите плачат горко, слегуваат липајќи.+
4 Лелекаат Есевон и Елеали.+ До Јаса+ се слуша нивниот глас. Затоа вооружените луѓе на Моав викаат. Затрепери во него душата негова.
5 Моето срце го оплакува Моав.+ Неговите бегалци заминуваат дури до Сигор+ и до Еглат-Шелишиј.+ Додека се качуваат по Лухит,+ сите одат плачејќи. Додека одат кон Хоронаим,+ се разлева нивниот лелек поради пропаста.
6 Зашто, нимримските води+ се претворија во пустелија. Зелената трева овена, исчезна тревата, нема зеленило.+
7 Затоа, она што остана и имотот што го зачуваа го носат преку долината на тополите.
8 Лелекот се разлева низ моавскиот крај.+ Горко плачење се слуша до Еглаим, горко плачење се слуша до Веер-Елим,
9 зашто димонските води се полни со крв. На Димон ќе му додадам уште нешто — лав за да ги напаѓа бегалците од Моав и оние што ќе останат во таа земја.+

