Еремија 33:1-26

33  И по вторпат му дојде Јеховината реч на Еремија додека уште беше затворен во Стражарскиот Двор:+ 2  „Вака вели Јехова, оној што ја создаде земјата,+ Јехова, оној што ја обликува+ и ја зацврсти+ — Јехова му е името:+ 3  ‚Повикај ме, и ќе ти одговорам+ и ќе ти кажам големи и несфатливи работи, кои не ти се познати‘ “.+ 4  „Зашто, вака вели Јехова, Богот на Израел, за куќите во овој град и за куќите на царевите на Јуда, кои ќе бидат урнати поради опсадните насипи и поради мечот,+ 5  и за оние што доаѓаат да се борат против Халдејците за да го наполнат ова место со мртвите тела на луѓето што ќе ги убијам во својот гнев и во својата јарост,+ и поради злобата на сите нив ќе го скријам своето лице од овој град:+ 6  ‚Еве, ќе му донесам оздравување и здравје,+ и ќе ги излекувам и ќе им дадам изобилство од мир и вистина.+ 7  И ќе ги вратам заробениците на Јуда и заробениците на Израел,+ и ќе ги изградам за да бидат како и во почетокот.+ 8  Ќе ги исчистам од сите престапи со кои ми згрешија+ и ќе им ги простам сите престапи со кои ми згрешија и со кои се побунија против мене.+ 9  Неговото име ќе ми биде за радост,+ за фалба и за убавина пред сите народи на земјата, кои ќе чујат за сето добро што ќе им го направам.+ И ќе се исплашат+ и ќе затреперат+ поради сето добро и поради сиот мир што ќе им го дадам‘.“+ 10  „Вака вели Јехова: ‚На ова место за кое вие ќе велите дека е пустош, без човек и без животно, во градовите на Јуда и по улиците на Ерусалим, кои ќе опустат+ и ќе останат без луѓе, без жители и без животни, пак ќе се чуе+ 11  глас на радост и глас на веселба,+ глас на младоженец и глас на невеста, глас на оние што ќе велат: „Фалете го Јехова над војските, зашто Јехова е добар+ — неговата милост* трае довека!“ ‘+ ‚Ќе донесуваат жртви на благодарност во домот на Јехова,+ зашто ќе ги вратам заробените жители на оваа земја за да им биде како во почетокот‘,+ вели Јехова.“ 12  „Вака вели Јехова над војските: ‚Во оваа пустош, каде што нема ни човек ни животно,+ и во сите нејзини градови, повторно ќе има пасишта на кои овчарите ќе ги одмораат своите стада‘.+ 13  ‚Во планинските градови, во низинските градови+ и во јужните градови,+ во земјата на Венијамин,+ во околината на Ерусалим+ и во градовите на Јуда,+ стадата ќе минуваат под рацете на оној што ги брои‘,+ вели Јехова.“ 14  ‚„Еве, доаѓаат денови‘,+ вели Јехова, ‚кога ќе го исполнам добриот збор што му го дадов+ на домот на Израел+ и на домот на Јуда. 15  Во тие денови и во тоа време ќе предизвикам на Давид да му никне праведен подник,+ и тој ќе го прави она што е право и праведно во земјата.+ 16  Во тие денови Јуда ќе се спаси,+ Ерусалим ќе живее без страв.+ А градот ќе се вика: Јехова Е Наша Праведност.‘ “+ 17  „Зашто, вака вели Јехова: ‚На Давид нема да му снема наследник што ќе седи на престолот на домот Израелов.+ 18  И на левитските свештеници никогаш нема да им снема потомок пред мене за да принесува цели паленици и да гори житни жртви и да принесува други жртви‘.“+ 19  Повторно му дојде Јеховината реч на Еремија: 20  „Вака вели Јехова: ‚Ако можете да го раскинете мојот сојуз со денот и мојот сојуз со ноќта, за да нема ни ден ни ноќ во право време,+ 21  тогаш ќе може да се раскине и мојот сојуз со Давид, мојот слуга,+ па ќе нема син што ќе царува на неговиот престол,+ а и со левитските свештеници, моите слуги.+ 22  Како што небесната војска не може да се изброи, ниту морскиот песок да се измери,+ така ќе го намножам потомството на Давид, мојот слуга, и левитите што ми служат‘ “.+ 23  Повторно му дојде Јеховината реч на Еремија: 24  „Зар не забележа што зборуваат овие луѓе, кога велат: ‚Јехова ќе ги отфрли двете семејства што ги избра‘?+ И се однесуваат со презир кон мојот народ+ и за нив тие повеќе не се народ. 25  Вака вели Јехова: ‚Како што склучив сојуз со денот и со ноќта+ и ги поставив небесните и земните одредби+ и не го отфрлив тоа, 26  така нема да го отфрлам ни потомството на Јаков и на Давид, мојот слуга,+ за повеќе да не земам од неговото потомство владетели што ќе завладеат над потомството на Авраам, Исак и Јаков. Зашто, ќе ги соберам нивните заробеници+ и ќе им се смилувам‘ “.+

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.