Амос 5:1-27
5 „Чујте ја оваа реч, оваа тажачка што ја изнесувам против вас,+ доме Израелов:
2 Падна+ девицата,+ Израел,не може повеќе да стане.+
Оставена е на својата земја,и нема кој да ја крене.+
3 Зашто, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Градот што излезе со илјада луѓе, ќе остане со сто, оној што излезе со сто луѓе, ќе остане со десет. Тоа ќе му се случи на домот Израелов‘.+
4 Зашто, вака му вели Јехова на домот на Израел: ‚Барајте ме+ и ќе живеете.+
5 Не барајте го Ветил,+ не одете во Гилгал,+ и не преминувајте во Вирсавеја,+ зашто Гилгал ќе појде во изгнанство,+ а Ветил ќе стане место на зли сили.+
6 Барајте го Јехова и ќе живеете,+ доме Јосифов+ — за да не почне тој да пали како оган што проголтува,+ па да нема кој да го изгасне+ во Ветил —
7 вие кои правдата ја претворате+ во пелин и ја фрлате праведноста на земја.+
8 Тој ги создаде соѕвездието Кима*+ и соѕвездието Кесил.*+ Тој ја претвора густата темнина+ во утро, а денот во црна ноќ.+ Тој ги повикува морските води за да ги излее на површината на земјата+ — Јехова е името негово.+
9 Тој молскавично го опустошува силниот, за да биде опустошено утврденото место.
10 Го мразат оној што при градската порта укорува,+ и се гнасат од оној што ја кажува вистината.+
11 Поради тоа што од сиромашниот собирате наемнина за земја и од него земате данок во жито,+ си изградивте куќи од делкан камен,+ но нема да живеете во нив. Насадивте убави лозја, но нема да пиете вино од нив.+
12 Зашто, знам колку се бројни вашите престапи+ и колку се тешки вашите гревови:+ го угнетувате праведникот,+ примате поткуп+ и ја извртувате правдата на сиромашните+ при градската порта.+
13 Затоа разборитиот* ќе молчи во тоа време, зашто тоа ќе биде време на неволја.+
14 Барајте го доброто, а не злото,+ за да живеете+ и за да биде со вас Јехова, Богот над војските, како што велите вие.+
15 Мразете го злото, а сакајте го доброто,+ и дајте ѝ место на правдата при градската порта!+ Можеби Јехова, Богот над војските, ќе му се смилува+ на Јосифовиот остаток‘.+
16 Затоа вака вели Јехова, Богот над војските, Јехова: ‚По сите плоштади ќе се плаче+ и по сите улици луѓето ќе велат: „Леле! Леле!“ И ќе го повикаат земјоделецот да тагува+ и вешти тажачи да редат‘.+
17 ‚И по сите лозја ќе се тагува,+ зашто јас ќе поминам сред тебе‘,+ вели Јехова.
18 ‚Тешко на оние што копнеат по денот на Јехова!+ Што ќе значи за вас денот на Јехова?+ Тогаш ќе има темнина, а не светлина.+
19 Како кога човек бега од лав, а го сретнува мечка, и како кога влегува во куќа и се потпира со раката на ѕид, а змија го каснува.+
20 Нема ли денот на Јехова да биде темнина, а не светлина? Мрак, а не светлост?+
21 Ги мразам и ги отфрлам вашите празници,+ и не уживам повеќе во мирисот на вашите свечени собири.+
22 Дури и да ми принесете цели жртви паленици,+ вашите жртвени дарови нема да ми бидат мили,+ и на вашите заеднички жртви од згоени добичиња нема ни да погледнам.+
23 Отстрани ја од мене бучавата на своите песни, да не го слушам звукот на твоите псалтири.+
24 Правдата нека потече како вода+ и праведноста како порој што тече без престан.+
25 Зар мене ми принесувавте жртви и жртвени дарови во пустината четириесет години, доме Израелов?+
26 Ќе го носите вашиот цар Сакут+ и Кајван,* односно ликовите што ги направивте за себе, ѕвездата што ја обожавате како бог.+
27 А јас ќе ве испратам во изгнанство подалеку од Дамаск‘,+ вели оној чие име е Јехова, Богот над војските.“+

