Јов 36:1-33

36  Потоа Елиу рече: 2  „Биди стрплив уште малку со мене, и јас ќе ти покажамдека треба уште нешто да се каже за Бог. 3  Опширно ќе го изнесам своето знаењеи ќе покажам дека мојот Творец е праведен.+ 4  Зашто, моите зборови навистина не се лага.Со тебе е Оној што има совршено знаење.+ 5  Гледај, Бог е моќен+ и тој нема да отфрли човек,силен е во разборитоста на своето срце. 6  Нема да го остави жив злобниот,+туку ќе им даде правда на страдалниците.+ 7  Тој нема да го тргне погледот од праведникот,+ќе постави цареви на престолот+ засекогаш,и ќе бидат возвишени. 8  Ако луѓето се врзани со синџири,+јажињата на неволјата ќе ги ограничуваат. 9  Тогаш тој ќе им ги спомне нивните делаи нивните престапи, затоа што се вообразени. 10  Увото ќе им се отвори за да ја чујат опомената+и ќе им каже да се одвратат од зло.+ 11  Ако послушаат и ако почнат да му служат,нивните денови ќе завршат во доброи нивните години во задоволство.+ 12  Но, ако не послушаат, ќе умрат+ од стрела+без да научат нешто. 13  А оние што имаат отпадничко срце, ќе натрупуваат гнев.+Нема да молат за помош кога тој ќе ги врзе. 14  Нивната душа ќе умре во младоста,+животот ќе им згасне меѓу машките храмски блудници.+ 15  А тој ќе го избави страдалникот од неговата неволјаи ќе му го отвори увото кога е во мака, за да го поучи. 16  Ќе те избави од устата на неволјата!+Наместо во неа да бидеш стеснет, ќе бидеш на пространо место,+и на твојата трпеза ќе има изобилство+ утеха. 17  Ќе се нагледаш на пресудите што ги добиваат злите;+пресудата и правдата ќе се поддржат. 18  Затоа внимавај бесот+ да не те наведе да плескаш со рацете пакоснои големата откупнина+ нека не те заведе. 19  Ќе биде ли услишен твојот повик за помош?+ Не, нема да те избави од неволјатадури ни целиот твој голем труд.+ 20  Не воздивнувај за ноќта,кога луѓето заминуваат на починка. 21  Внимавај да не скршнеш во зло,+зашто си го одбрал него наместо неволјата.+ 22  Гледај, Бог постапува возвишено во својата сила!Има ли учител како него? 23  Кој го повикал на одговорност поради неговите дела+и кој му рекол: ‚Си постапил неправедно‘?+ 24  Сети се дека треба да ги величаш неговите дела+за кои пеат+ луѓето. 25  Целиот човечки род ги набљудува,смртниот човек оддалеку ги гледа.+ 26  Гледај, Бог е многу повозвишен отколку што можеме да сфатиме,+не може да се истражи бројот на неговите години.+ 27  Зашто, тој ги црпи капките вода во висините,+па тие се цедат одозгора како дожд и како негова магла, 28  и тогаш облаците капат,+се излеваат врз луѓето изобилно. 29  Навистина, кој може да ги разбере посланите облаци,татнежот од неговиот шатор?+ 30  Гледај, над него ја распростира својата светлина+и го покрива морското дно. 31  Со тоа тој ги брани народите,+и дава храна во изобилство.+ 32  Во своите раце ја крие молњатаи ѝ заповеда да го удри напаѓачот.+ 33  Неговиот татнеж+ раскажува за него,а и стоката — за оној што доаѓа над нив.

Фусноти