Јов 27:1-23

27  Тогаш Јов повторно го започна својот мудар говор,*+ и рече: 2  „Како што е жив Бог,+ кој ме лиши од правдата,+како што е жив Семоќниот, кој ја огорчи душата моја,+ 3  сѐ додека мојот здив е уште целиот во менеи Божјиот дух во моите ноздри,+ 4  моите усни нема да изустат неправдаи мојот јазик нема да изговори измама! 5  Во никој случај не можам да ве прогласам за праведни!+Сѐ додека дишам, нема да отстапам од својата непорочност!*+ 6  Се држам за својата праведност, и нема да ја оставам.+Моето срце нема да ме прекорува за ниту еден мој ден.+ 7  Мојот непријател нека се покаже зол,+и нека биде злосторник оној што станува против мене! 8  Зашто, на што може да се надева отпадникот ако е отстранет од Бог,+ако тој му го земе животот?*+ 9  Ќе го чуе ли Бог неговото викањеако дојде неволја врз него?+ 10  Ќе биде ли Семоќниот негова радост?Ќе го повикува ли Бог во секое време? 11  Ќе ве поучам со Божјата рака,помислите на Семоќниот нема да ви ги кријам.+ 12  Ете, сите вие имавте виденија,па тогаш зошто сте толку празни?+ 13  Така ќе помине злиот човек кај Бог,+такво наследство ќе добијат насилниците од Семоќниот. 14  Ако се многубројни неговите синови, меч ќе ги чека,+неговите потомци ќе немаат доволно леб. 15  Смртоносна зараза ќе ги закопа оние што ќе преживеат,а нивните вдовици нема да ги оплакуваат.+ 16  И да натрупа сребро како прав,и да насобере облека како кал, 17  нека ја насобере, но праведникот ќе ја облече,+и од неговото сребро ќе добие невиниот човек. 18  Како молец си изградил куќа,таа е како сеница+ што чуварот си ја гради за себе. 19  Во богатство ќе легне, но не ќе пожнее никаков род од него.Кога ќе ги отвори очите, ништо повеќе не ќе има.+ 20  Ненадејни ужаси ќе го стигнат како води.+Штом ќе падне ноќ, виор ќе го грабне и ќе го однесе. 21  Ќе го земе источен ветар,+ и тој ќе замине,ќе го дувне од неговото место.+ 22  Ќе се нафрли врз него без милост,+а тој ќе се обиде да побегне+ од неговата рака. 23  Луѓето подбивно ќе му плескаат со рацете+и зачудено ќе свиркаат+ по него од неговото место.

Фусноти

Или: „пословични (мудри) зборови“.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Буквално: „душата“.