Римјаните 13:1-14

13  Секој човек* нека им биде подложен+ на властите+ што се над него, зашто нема власт+ која не е од Бог.+ Секоја власт што постои, Бог ја поставил+ на нејзината положба.*+  Затоа, оној што ѝ се спротивставува на власта, се противи на Божјето уредување, а оние што му се противат, ќе си навлечат осуда.+  Зашто, од оние што владеат не треба да се плашиш кога правиш добро, туку кога правиш зло.+ Тогаш, ако не сакаш да се плашиш од власта, прави добро,+ па ќе добиеш пофалба од неа.  Зашто, таа е за тебе Божји слуга — за твое добро.+ Но ако правиш зло,+ плаши се, зашто таа не носи меч без причина. Всушност, таа му е слуга на Бог, одмаздник+ кој го истура неговиот гнев над оној што прави зло.  Затоа морате да бидете подложни, не само поради Божјиот гнев туку и поради својата совест.+  Затоа плаќате и даноци. Всушност, властите се Божји слуги*+ кои го извршуваат она за кое се поставени.  Давајте му го секому она што му припаѓа: на оној кој бара данок — данок,+ кој бара давачка — давачка, кој бара страв — страв,+ кој бара чест — чест.+  Не должете никому ништо,+ освен да се сакате еден со друг.+ Зашто, оној што го сака ближниот, го исполнил Законот.+  Зашто, заповедите од Законот: „Не врши прељуба“,+ „Не убивај“,+ „Не кради“,+ „Не посакувај“,+ и ако има уште некоја заповед, се содржани во овие зборови: „Сакај го својот ближен како самиот себе!“+ 10  Љубовта+ не му прави зло на ближниот.+ Според тоа, љубовта е исполнување на Законот.+ 11  Постапувајте така и поради тоа што знаете кое време е, дека веќе ви дошол часот да се разбудите,+ зашто спасението сега ни е поблиску отколку кога станавме верници.+ 12  Ноќта поодмина, денот+ се приближи. Затоа, да ги соблечеме делата на темнината+ и да го облечеме оружјето+ на светлината. 13  Да живееме* пристојно,+ како по ден — без разуздани гозби и пијанки,+ без блудствување и бесрамни дела,+ без караници+ и љубомора. 14  Напротив, облечете се во Господарот Исус Христос+ и не размислувајте за тоа како да ги задоволите желбите на телото.+

Фусноти

Или: „На секоја власт што постои Бог ѝ дал делумна власт“.
Буквално: „душа“.
Или: „јавни слуги (службеници); слуги што служат за општото добро“.
Буквално: „Да одиме“.