Псалми 36:1-12
На управителот. Од Јеховиниот слуга Давид.
36 На злиот човек престапот му зборува во срцето,+нема страв од Бог пред очите негови.+
2 Зашто, има превисоко мислење за себе+за да може да го увиди својот престап и да го замрази.+
3 Зборовите на неговата уста се зло и измама,+повеќе не е доволно разборит* за да прави добро.+
4 На својата постела смислува зло.+Стои на пат кој не е добар.+Злото не го отфрла.+
5 Јехова, твојата милост* е до небесата,+твојата верност е до облаците.+
6 Твојата праведност е како твоите планини, Боже,+твојот закон е водна бездна.+Ти, Јехова, спасуваш и човек и животно.+
7 Колку е драгоцена твојата милост,* о Боже!+Во сенката на крилјата твои наоѓаат прибежиште+ синовите човечки.
8 Се насладуваат на изобилството од твојот дом,+со порој од задоволства ти ги напојуваш.+
9 Зашто, во тебе е изворот на животот,+со твојата светлина гледаме светлина.+
10 Твојата милост* нека биде врз оние што те познаваат+и твојата праведност врз оние што имаат непорочно срце.+
11 Не допуштај против мене да дојде вообразена нога,+ниту да станам скитник поради раката на злите!+
12 Гледај, паѓаат оние што прават зло,+соборени се и не можат да станат.+