Матеј 11:1-30
11 Откако им даде упатства на своите дванаесет ученици, Исус замина оттаму за да поучува и да проповеда во околните градови.+
2 А Јован, кога чу во затворот+ за Христовите дела, ги испрати своите ученици
3 да го прашаат: „Ти ли си оној што треба да дојде или да чекаме некој друг?“+
4 Исус им одговори: „Одете и кажете му на Јован што слушате и што гледате:
5 слепите гледаат,+ сакатите+ одат, лепрозните+ се очистуваат, глувите+ слушаат, мртвите+ стануваат и на сиромасите им се објавува добрата вест.+
6 И среќен е оној што, поради мене, нема да се поколеба во верата“.*+
7 Кога тие си заминаа, Исус почна да му зборува на мноштвото за Јован: „Што излеговте да гледате во пустината?+ Трска што ја лулее ветрот?+
8 Значи, што излеговте да видите? Човек облечен во раскошна облека? Оние што носат раскошна облека се во царските дворци.+
9 Тогаш, зошто излеговте: за да видите пророк? Да, ви велам, и многу повеќе од пророк.+
10 Тој е оној за кого е напишано: ‚Еве, јас го праќам пред твоето лице мојот гласник, кој ќе ти го подготви патот пред тебе‘.+
11 Вистина, ви велам, меѓу родените од жена+ не се појавил некој поголем од Јован Крстител, но помалиот во царството+ небесно е поголем од него.
12 А од деновите на Јован Крстител до сега, луѓето со сите свои сили сакаат да се дограбат до царството небесно, и оние што се трудат со сите свои сили, успеваат во тоа.+
13 Зашто, сите, Пророците и Законот, пророкуваа до Јован.+
14 А, ако сакате да прифатите, тој е оној ‚Илија кој треба да дојде‘.+
15 Кој има уши, нека слуша!+
16 Со кого да го споредам ова поколение?+ Личи на деца што седат и си играат по плоштадите, па се довикуваат едни со други:+
17 ‚Ви свиревме на кавал, но вие не игравте. Пеевме тажачки, но вие не се удиравте в гради како да тагувате‘.+
18 Оти, дојде Јован, кој ниту јадеше ниту пиеше,+ а сепак велат: ‚Во него има демон‘.
19 Дојде Синот човечки, кој јаде и пие,+ а сепак велат: ‚Гледај, ненаситник и пијаница, пријател на даночници и на грешници!‘+ Но мудроста ја оправдуваат нејзините дела“.+
20 Тогаш почна да ги прекорува градовите во кои се случија најмногу негови моќни дела,* бидејќи не се покајаа:+
21 „Тешко тебе, Хоразине! Тешко тебе, Витсаидо!+ Зашто, да се случеа во Тир и во Сидон моќните дела што се случија во вас, тие уште одамна ќе се покаеја во козина и пепел.+
22 Затоа ви велам: на Тир и на Сидон ќе им биде полесно во Судниот ден+ отколку вам.+
23 А ти, Капернауме,+ зарем ќе се возвишиш до небото? Во гробот*+ ќе паднеш!+ Зашто, да се случеа во Содом моќните дела што се случија во тебе, тој град ќе останеше до ден-денес.
24 Затоа ви велам: на содомската земја ќе ѝ биде полесно во Судниот ден отколку на овој град“.+
25 Во тоа време Исус рече: „Те славам, Татко, Господару на небото и на земјата, зашто ова си го скрил од мудрите и умните, а си им го открил на малите деца.+
26 Да, Татко, зашто ти сакаше да биде така.
27 Мојот Татко ми предаде сѐ.+ Никој не го познава Синот толку добро како Таткото,+ и никој не го познава Таткото толку добро како Синот и како оној кому Синот сака да му го открие.+
28 Дојдете кај мене сите вие што сте изморени и оптоварени,+ и јас ќе ве закрепнам.
29 Земете го мојот јарем+ на себе* и учете од мене,*+ зашто јас сум благ+ и со понизно срце, и ќе најдете поткрепа+ за своите души!
30 Зашто, мојот јарем е пријатен и мојот товар е лесен“.+
Фусноти
^ Или: „што нема да се спрепне од мене“.
^ Или: „негови чуда“.
^ Буквално: „адот“.
^ Или: „Дојдете кај мене под мојот јарем“.