Изреки 7:1-27
7 Сине мој, држи се за моите зборови+ и зачувај ги во себе моите заповеди.+
2 Чувај ги моите заповеди, и ќе живееш,+ и пази ја мојата поука* како зеницата на окото.+
3 Врзи си ги на прстите+ и напиши си ги врз плочата на своето срце.+
4 Речи ѝ на мудроста:+ „Ти си ми сестра“, и разборитоста* викај ја роднина,
5 за да те чуваат од блудница,*+ од слаткоречива прељубница.*+
6 Зашто, од прозорецот на својата куќа гледав низ решетката+
7 и ги набљудував лековерните.*+ Меѓу синовите забележав неразумно момче,*+
8 како поминува по улицата близу до нејзиниот агол и како чекори по патот кон нејзината куќа,+
9 во квечерината, навечер,+ кога се спушта ноќта и паѓа мрак.
10 И гледај, го сретна жена облечена како блудница+ и со лукаво срце.
11 Необуздана е и тврдоглава.+ Нејзините нозе не остануваат дома.+
12 Ту е на улица ту е на плоштадите,+ и демне на секој агол.+
13 Го фати и го бакна.+ Со бесрамно лице му рече:
14 „Бев должна да принесам жртва на заедништвото+ и токму денес ги исполнив своите завети.+
15 Затоа ти излегов во пресрет, да го побарам твоето лице, да те најдам.
16 Своето легло го украсив со килими, со разнобојни ткаенини, со лен египетски.+
17 Ја намирисав својата постела со смирна, со алое и со цимет.+
18 Дојди, да се опиваме со љубовта до утро, да се радуваме на љубовните наслади.+
19 Зашто, маж ми не е дома, отиде на далечен пат.+
20 В рака понесе ќесе со пари. Ќе се врати дома кога ќе има полна месечина“.
21 И го заведе со многу уверувања,+ го одвлече со слаткоречивите усни.+
22 И тој веднаш појде по неа,+ како што бик оди на колење и како безумник што го водат окован за да го казнат,*
23 додека стрела не му го прониже црниот дроб,+ и како птица што влетува во стапица+ и не знае дека може поради тоа да го изгуби животот.*+
24 Затоа, послушајте ме, синови мои, и внимавајте на зборовите на мојата уста.+
25 Срцето нека не ти застрани на нејзините патишта. Немој да заталкаш на нејзините патеки.+
26 Зашто, таа турна мнозина во смрт+ и голем е бројот на оние што ги уби.+
27 Патиштата од нејзината куќа водат во гробот,*+ се спуштаат во одаите на смртта.+
Фусноти
^ Буквално: „закон“.
^ Буквално: „жена од друга земја“.
^ Буквално: „туѓинка“.
^ Или: „неискусните“.
^ Буквално: „момче кое нема [разборито] срце“.
^ Буквално: „душата“.
^ Буквално: „шеолот“.

