Изреки 5:1-23
5 Сине мој, добро слушај ја мојата мудрост.+ Приклони го своето уво кон мојата разборитост,+
2 за да ја зачуваш способноста за расудување,+ и чувај го знаењето на своите усни.+
3 Зашто, од усните на блудница* капе мед како од саќе+ и непцето ѝ е помазно од масло.+
4 Но она што останува по неа е горко како пелин,+ остро како меч со две сечила.+
5 Нејзините нозе слегуваат кон смртта,+ нејзините чекори водат во гробот.*+
6 Таа не размислува за патот на животот.+ И самата не знае каде кривулат нејзините патеки.+
7 Затоа сега, послушајте ме, синови мои,+ и не отстапувајте од зборовите на мојата уста.+
8 Твојот пат нека биде далеку од неа и не приближувај се до вратата на нејзината куќа+
9 за да не им го дадеш своето достоинство на други+ и своите години на она што ќе те уништи,+
10 за да не се наситат странци со твојата сила+ и да не премине во куќата на туѓинец она што со мака си го стекнал,+
11 за да не мораш подоцна горко да плачеш+ кога снагата и телото ќе ти се истрошат.+
12 Тогаш ќе мораш да речеш: „О, колку ги мразев опомените!*+ Колку моето срце го презираше укорот!+
13 И не го слушав гласот на моите учители,+ не го приклонив увото кон оние што ме поучуваа.+
14 Многу лесно западнав во секакво зло+ среде собирот и среде заедницата“.*+
15 Пиј вода од својот бунар* и вода што извира од твојот кладенец.+
16 Мора ли твоите извори да се разлеваат надвор+ и твоите потоци по плоштадите?
17 Тие нека бидат само за тебе, а не и за туѓинците што се со тебе.+
18 Нека е благословен твојот извор+ и радувај се со жената на својата младост,+
19 која ти е мила како срна и занесна како планинска коза.+ Нејзините гради нека те опиваат во секое време.+ Со нејзината љубов биди секогаш во занес.+
20 Зошто, сине мој, да паѓаш во занес со блудница* или да ги прегрнуваш градите на прељубница?*+
21 Зашто, патиштата на човекот се пред очите на Јехова,+ и тој внимателно ги набљудува сите негови патеки.+
22 Злобниот ќе го фатат неговите сопствени престапи+ и ќе се улови во јажињата на сопствениот грев.+
23 Ќе умре, зашто не прима поука*+ и зашто застранил во својата голема глупавост.+
Фусноти
^ Буквално: „жена од друга земја“.
^ Буквално: „шеолот“.
^ Или: „резервоар“.
^ Буквално: „жена од друга земја“.
^ Буквално: „туѓинка“.

