Јов 5:1-27

5  Повикај, те молам! Дали некој ќе ти се одгласи?Кому од светите* ќе му се обратиш?  2  Зашто, гневот ќе го убие глупавиот,а зависта ќе го усмрти поводливиот.  3  Јас видов како глупавиот пушта корен,+но одеднаш почнав да го проколнувам неговото живеалиште.  4  Неговите синови остануваат далеку од спасението,+ги сотираат на градската порта, а нема кој да ги избави.  5  Гладниот го јаде неговиот род,му го граба и месото што тој го чува за себе,и стапица го проголтува имотот на неговото семејство.  6  Зашто, злото не избива од правта,и неволјата не никнува од земја.  7  Туку човекот се раѓа за неволја,како што искрите летаат угоре.  8  Но, јас би му се обратил на Бог,пред Бог би го изнел својот случај;+  9  пред оној што прави големи дела, кои не може да се истражат,чудеса на кои им нема број;+ 10  пред оној што дава да паѓа дожд по лицето на земјата,+испраќа води во полињата;+ 11  пред оној што ги крева на високо понижените,+па нажалените се воздигнуваат до спасение; 12  пред оној што ги осуетува сплетките на лукавите,+па немаат успех во она што го прават со своите раце; 13  пред оној што ги фаќа мудреците во нивното лукавство,+па замислата на препредените се покажува непромислена,+ 14  та и дење наидуваат на мрак,пипаат на пладне како да е ноќ;+ 15  пред оној што спасува од мечот кој излегува од устата на злобниците,го спасува сиромавиот од рацете на силниот,+ 16  па бедниот добива надеж,+а неправдата ја затвора својата уста.+ 17  Ете, среќен е човекот кого Бог го укорува!+Не отфрлај ги опомените од Семоќниот! 18  Зашто, тој ранува, но и ја преврзува раната;крши, но со своите раце и лекува. 19  Ќе те избави од шест неволји,+во седум од нив нема да те допре никакво зло.+ 20  Во глад ќе те откупи од смртта,+а во војна — од мечот. 21  Ќе бидеш скриен од јазикот што бие со зборови,+нема да се плашиш од пустошењето кога ќе дојде. 22  Ќе им се смееш на пустошењето и на гладот,нема да се плашиш од земни ѕверови. 23  Зашто, ќе бидеш во сојуз со полските камењаи полскиот ѕвер ќе живее во мир со тебе.+ 24  Ќе гледаш мир во својот шатор,ќе го обиколуваш своето пасиште и ќе видиш дека твојот имот е недопрен. 25  Ќе гледаш како ти се множи потомството,+дека твоите потомци се како тревата на земјата.+ 26  Уште ќе имаш сила кога ќе отидеш во гробот,+како кога се собираат снопови на куп во свое време. 27  Ете, тоа го утврдивме, и така е.А ти чуј го ова и увери се дека е така!“

Фусноти

^ Или: „светите ангели“, според Септуагинтата.