Јов 29:1-25

29  Тогаш Јов пак го започна својот мудар говор,* и рече:   „Кога барем би бил како во некогашните месеци,*+како во деновите кога ме чуваше Бог,+   кога ми светеше над глава со својата светилкаи кога неговата светлина ме водеше низ темнината,+   како што ми беше во деновите на мојата младешка сила,+кога блиското пријателство со Бог престојуваше во мојот шатор,+   кога Семоќниот уште беше со менеи кога моите слуги беа насекаде околу мене!   Тогаш моите чекори се капеа во маст,од карпа ми течеше масло.+   Кога излегував на градската порта,+својот стол го поставував на плоштадот.+   Момчињата се тргаа кога ќе ме видеа,дури и старците стануваа и остануваа да стојат.+   Кнезовите престануваа да зборуваат,ќе ја ставеа раката на уста.+ 10  Гласот на водачите тогаш ќе се скриеше,јазикот за непце ќе им се залепеше.+ 11  Зашто, увото што ме слушаше, ме нарекуваше среќени окото што ме гледаше, сведочеше пофално за мене. 12  Зашто, го избавував страдалникот кога викаше за помош,+детето без татко и секој што немаше помошник.+ 13  Благословот+ на оној што пропаѓаше, доаѓаше на мене,го развеселував срцето на вдовицата.+ 14  Се облекував во праведност, таа ми беше облека.+Мојата правда беше како наметка, како турбан. 15  Му бев очи на слепиот+и нозе на куциот. 16  Им бев татко на сиромашните,+совесно ја разрешував парницата на оној што ми беше непознат.+ 17  На злосторникот му ги кршев челустите,+му го истргнував пленот од забите. 18  Велев: ‚Ќе издивнам во своето гнездо,+моите дни ќе се намножат како песок.+ 19  Мојот корен се протега до водите,+росата ноќе останува на мојата гранка. 20  Ми се обновува славата,лакот во мојата рака фрла стрели‘. 21  Мене ме слушаа, и чекаа,молчеа за да го чујат мојот совет.+ 22  По мојот збор никој повеќе не кажуваше ништо,мојот збор росеше врз нив.+ 23  Ме чекаа како што се чека дожд,+устата своја ширум ја отвораа како за пролетен пороен дожд.+ 24  Кога ќе им се насмевнев, не можеа да веруваат дека го правам тоа,озареноста на моето лице+ не можеа да ја угаснат. 25  Им кажував по кој пат да одат, седев како поглавар,живеев како цар меѓу својата војска,+како тешител на тажните.+

Фусноти

Или: „пословични (мудри) зборови“.
Или: „лунарни месеци“. Спореди го додатокот 14.