Јован 9:1-41

9  Додека поминуваше, виде еден човек слеп од раѓање.  А неговите ученици го прашаа: „Учителе,*+ кој згрешил,+ овој човек или неговите родители,+ па се родил слеп?“  Исус одговори: „Ниту овој човек згрешил ниту неговите родители, туку тоа се случило за да се покажат Божјите дела врз него.+  Додека е ден, мораме да ги вршиме делата на оној што ме испрати.+ Доаѓа ноќ+ кога никој не ќе може да работи.  Додека сум во светот, јас сум светлината на светот“.+  Откако го рече ова, плукна наземи и со плунката направи кал, па со калта му ги намачка очите на човекот+  и му рече: „Оди измиј се+ во езерцето Силоам“.+ (Силоам значи „испратен“.) И тој отиде, се изми+ и се врати гледајќи.+  А соседите и оние што порано го гледаа како проси, велеа: „Не е ли тоа оној што седеше и просеше?“+  Едни велеа: „Тоа е тој“, а други: „Не, туку личи на него“. А човекот велеше: „Јас сум тој“. 10  Тогаш го прашаа: „Како ти се отворија очите?“+ 11  Тој одговори: „Човекот кој се вика Исус направи кал и ми ги намачка очите и ми рече: ‚Оди во Силоам+ и измиј се‘. Така отидов, се измив и прогледав“. 12  Тогаш го прашаа: „Каде е тој?“ „Не знам“, им одговори. 13  Потоа, го одведоа човекот, кој порано беше слеп, кај фарисеите. 14  А тој ден кога Исус ја направи калта и му ги отвори очите+ беше сабота.*+ 15  Тогаш и фарисеите почнаа да го испитуваат како прогледал.+ А тој им рече: „Ми стави кал на очите, и јас се измив и сега гледам“. 16  Затоа некои од фарисеите рекоа: „Тоа не е човек од Бог, бидејќи не ја држи саботата“.+ А други рекоа: „Како може човек кој е грешник да прави такви чуда?“+ И дојде до поделба+ меѓу нив. 17  Тогаш повторно го прашаа слепиот: „Што велиш ти за човекот што ти ги отвори очите?“ Тој одговори: „Тој е пророк“.+ 18  Меѓутоа, Евреите не веруваа дека бил слеп и дека прогледал додека не ги повикаа неговите родители. 19  И ги прашаа: „Дали е ова вашиот син за кого вие велите дека се родил слеп? Како тоа сега гледа?“ 20  Тогаш неговите родители одговорија: „Знаеме дека ова е нашиот син и дека се роди слеп. 21  Но како сега гледа, не знаеме, и кој му ги отворил очите, не знаеме. Прашајте го него! Тој е полнолетен, самиот нека зборува за себе!“ 22  Неговите родители рекоа така затоа што се плашеа+ од Евреите, бидејќи Евреите веќе се беа договориле да го исклучат од синагогата секој што ќе го признае Исус за Христос.*+ 23  Затоа неговите родители рекоа: „Тој е полнолетен, прашајте го него!“ 24  Тогаш по вторпат го повикаа човекот што беше слеп и му рекоа: „Дај му слава на Бог!+ Знаеме дека тој човек е грешник“. 25  А тој одговори: „Дали е грешник, не знам. Но едно знам: бев слеп, а сега гледам“. 26  Тогаш го прашаа: „Што ти направи? Како ти ги отвори очите?“ 27  Тој им одговори: „Веќе ви реков, но вие не слушавте. Зошто сакате пак да го чуете истото? Зарем сакате и вие да станете негови ученици?“ 28  Тогаш го навредија, па рекоа: „Ти си негов ученик, а ние сме ученици на Мојсеј. 29  Ние знаеме дека Бог му говорел на Мојсеј,+ а за овој човек не знаеме од каде е“.+ 30  Тогаш човекот им рече: „Ова навистина е чудно+ што не знаете од каде е, а мене ми ги отвори очите. 31  Знаеме дека Бог не ги слуша грешниците,+ но ако некој е богобојазлив и ја врши неговата волја, него го слуша.+ 32  Досега не се чуло некој да му ги отвори очите на човек што е слеп од раѓање. 33  Да не беше овој човек од Бог,+ не ќе можеше ништо да направи“. 34  Тие му одговорија: „Сиот си во гревови роден!+ Ти ли нас ќе нѐ учиш?“ И го исфрлија надвор.+ 35  Исус чу дека го исфрлиле. Го најде и го праша: „Веруваш ли ти во Синот+ човечки?“ 36  Човекот одговори: „А кој е тој, господине, за да верувам во него?“ 37  Исус му рече: „Ти го виде. Тоа е оној што зборува со тебе“.+ 38  Потоа тој рече: „Верувам во него, Господару!“ И му се поклони.+ 39  А Исус рече: „Поради овој суд+ јас дојдов во овој свет: да прогледаат оние што не гледаат,+ а оние што гледаат, да ослепат“.+ 40  Ова го чуја некои од фарисеите кои беа со него и го прашаа: „Зар сме и ние слепи?“+ 41  Исус им одговори: „Да бевте слепи, немаше да имате грев. Но сега велите: ‚Гледаме‘.+ Затоа вашиот грев+ останува“.

Фусноти

Види ја фуснотата за Мт 23:7.
Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.