Јован 7:1-53

7  Потоа Исус патуваше низ Галилеја бидејќи не сакаше да оди во Јудеја, затоа што Евреите бараа поволен момент да го убијат.+  Се приближуваше еден од еврејските празници, Празникот на сениците.+  Тогаш неговите браќа+ му рекоа: „Замини одовде и појди во Јудеја, за да ги видат и твоите ученици делата што ги правиш!  Зашто, кој сака да биде познат, не прави ништо во тајност. Ако правиш такво нешто, покажи му се на светот!“  Всушност, неговите браќа+ не веруваа во него.+  Затоа Исус им рече: „Моето време уште не е дојдено,+ а за вас времето секогаш е погодно.  Светот нема причина да ве мрази вас, но мене ме мрази, бидејќи јас сведочам за него дека неговите дела се зли.+  Вие појдете на празникот, а јас уште не одам на овој празник, зашто моето време+ уште не е дојдено“.+  И откако им го рече тоа, остана во Галилеја. 10  Но кога неговите браќа отидоа на празникот, отиде и тој, но не јавно, туку тајно.+ 11  А Евреите почнаа да го бараат+ на празникот, па велеа: „Каде е тој?“ 12  И мнозина од народот потајно расправаа за него.+ Едни велеа: „Тој е добар човек“, а други: „Не е, туку го заведува народот“. 13  Но никој не зборуваше јавно за него бидејќи се плашеа од Евреите.+ 14  Кон средината на празникот, Исус отиде во храмот и почна да поучува.+ 15  А Евреите се чудеа: „Од каде овој ги познава книгите+ кога не учел на школите?“+ 16  А Исус им одговори: „Она за кое поучувам не е мое, туку доаѓа од оној што ме испрати.+ 17  Ако некој сака да ја врши неговата волја, ќе знае дали тоа учење е од Бог+ или зборувам сам од себе. 18  Кој зборува сам од себе, ја бара својата слава, а кој ја бара славата+ на оној што го испратил, тој е вистинит и во него нема неправедност. 19  Зарем Мојсеј не ви го даде Законот?+ А никој од вас не му е послушен на Законот. Зошто сакате да ме убиете?“+ 20  Народот одговори: „Обземен си од демон!+ Кој сака да те убие?“ 21  Тогаш Исус им рече: „Едно дело направив,+ и сите се чудите. 22  Затоа размислете за ова: Мојсеј ви го даде обрежувањето+ — но тоа, всушност, не е од Мојсеј, туку од прататковците+ — па вие во сабота* обрежувате човек. 23  Ако човек се обрежува во сабота за да не се прекрши Мојсеевиот закон, зошто се гневите на мене затоа што излекував човек во сабота?+ 24  Немојте да судите според надворешноста, туку судете со праведен суд!“+ 25  Тогаш некои од Ерусалим рекоа: „Не е ли тоа човекот што сакаат да го убијат?+ 26  А еве, јавно зборува+ и никој ништо не му вели. Да не спознале навистина и поглаварите дека тој е Христос?*+ 27  Но за него знаеме од каде е,+ а кога ќе дојде Христос, никој нема да знае од каде е“.+ 28  Затоа Исус, додека поучуваше во храмот, извика: „Вие ме познавате и знаете од каде сум.+ Јас не дојдов сам од себе,+ туку навистина постои оној што ме испрати,+ а вие не го познавате.+ 29  Јас го познавам,+ бидејќи сум негов застапник, и тој ме испрати“.+ 30  Оттогаш бараа поволен момент да го фатат,+ но никој не крена рака на него, бидејќи неговиот час+ уште не беше дошол. 31  А мнозина од народот поверуваа во него.+ Велеа: „Кога ќе дојде Христос, зарем ќе направи повеќе знаци+ отколку што направи овој?“ 32  А фарисеите слушнаа дека народот зборува така за него, па главните свештеници и фарисеите испратија стражари за да го фатат.+ 33  Тогаш Исус рече: „Уште малку време сум со вас, а тогаш ќе одам кај оној што ме испрати.+ 34  Ќе ме барате,+ но нема да ме најдете, и таму каде што сум јас, вие не можете да дојдете“.+ 35  Тогаш Евреите си рекоа меѓу себе: „Каде наумил да оди овој, та да не можеме да го најдеме? Зар наумил да оди кај Евреите, кои се расеани+ меѓу Грците, па да ги поучува Грците? 36  Што значи тоа што го кажа: ‚Ќе ме барате, но нема да ме најдете, и таму каде што сум јас, вие не можете да дојдете‘?“ 37  А на последниот и најважен ден од празникот,+ Исус стана и извика: „Ако некој е жеден,+ нека дојде кај мене и нека пие! 38  Кој ќе поверува во мене,+ како што е речено во Писмото: ‚Од неговата внатрешност ќе потечат реки на жива вода‘ “.+ 39  А го рече тоа за духот што требаше да го примат оние што поверуваа во него. Тогаш, всушност, духот уште не беше даден,+ зашто Исус уште не беше прославен.+ 40  Кога некои од народот ги чуја тие зборови, велеа: „Овој навистина е Пророк“.+ 41  Други зборуваа: „Овој е Христос“.+ Но некои велеа: „Зарем Христос+ доаѓа од Галилеја?+ 42  Зарем Писмото не вели дека Христос доаѓа од потомството на Давид,+ и од Витлеем,+ селото од каде што беше Давид?“+ 43  Затоа во народот дојде до поделба поради него.+ 44  Некои од нив дури сакаа да го фатат, но никој не крена рака на него. 45  Така стражарите се вратија кај главните свештеници и фарисеите, а фарисеите им рекоа: „Зошто не го доведовте?“ 46  Стражарите одговорија: „Никој никогаш не зборувал така“.+ 47  Тогаш фарисеите рекоа: „Зарем и вие сте заведени? 48  Поверувал ли во него некој од поглаварите или од фарисеите?+ 49  Но овој народ, кој не го познава Законот, е проклет“.+ 50  А Никодим, еден од нив, кој еднаш порано имаше дојдено кај него, им рече: 51  „Зар нашиот закон му суди на човек ако најнапред не го сослуша+ и не дознае што прави?“ 52  Тогаш му рекоа: „Зар и ти си од Галилеја? Истражи, па ќе видиш дека никаков пророк+ нема да дојде од Галилеја!“* * Ракописите: Синајски кодекс, Ватикански кодекс и Синајско-сириски кодекс, не го содржат текстот што почнува со 53. стих од ова поглавје и завршува со 11. стих од 8. поглавје. Тие стихови (со одредени отстапувања во различните грчки текстови и преводи) гласат вака: 53  И секој си отиде во својот дом.

Фусноти

Буквално: „на сабат“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.