Јован 4:1-54

4  Кога Господарот Исус дозна дека фарисеите чуле оти тој прави повеќе ученици и крштава+ повеќе отколку Јован —  иако не крштаваше Исус лично, туку неговите ученици —  ја напушти Јудеја и пак отиде во Галилеја.  А мораше да помине низ Самарија.+  Така дојде во еден самариски град, кој се викаше Сихар, во близина на нивата која Јаков му ја даде на својот син Јосиф.+  А таму беше бунарот на Јаков.+ Изморен од патот, Исус седеше крај бунарот. Беше околу шестиот* час.  Тогаш една Самарјанка дојде да нацрпи вода. Исус ѝ рече: „Дај ми да пијам!“  А неговите ученици беа отишле во градот да купат нешто за јадење.  Самарјанката го праша: „Како ти, Евреин, бараш да пиеш од мене, жена Самарјанка?“ Имено, Евреите не се дружат со Самарјаните.+ 10  Исус ѝ одговори: „Кога би го познавала Божјиот дар+ и кој е+ оној што ти вели: ‚Дај ми да пијам‘, ти би побарала од него и тој би ти дал жива вода“.+ 11  А таа му рече: „Господине, немаш ни ведро за да нацрпиш вода, а бунарот е длабок. Од каде ти е тогаш таа жива вода? 12  Зарем ти си поголем+ од нашиот прататко Јаков, кој ни го даде бунаров, а и самиот заедно со своите синови и со својата стока пиеше од него?“ 13  Тогаш Исус ѝ рече: „Секој што пие од оваа вода, пак ќе ожедни. 14  А кој ќе пие од водата што ќе му ја дадам јас, нема никогаш да ожедни,+ туку водата што ќе му ја дадам јас ќе стане во него извор на вода,+ која донесува вечен живот“.+ 15  А жената му рече: „Господине, дај ми ја таа вода за да не ожеднувам и да не мора да доаѓам ваму да црпам вода!“ 16  Тогаш ѝ рече: „Оди, викни го својот маж и дојди ваму!“ 17  Жената му рече: „Немам маж“. А Исус ѝ рече: „Добро кажа: ‚Немам маж‘. 18  Зашто, си имала петмина мажи, а човекот што го имаш сега, не ти е маж. Ја кажа вистината“. 19  Тогаш жената му рече: „Господине, гледам дека си пророк.+ 20  Нашите прататковци му се клањаа* на Бог на оваа планина,+ а вие велите дека во Ерусалим е местото каде што треба човек да му се клања на Бог“.+ 21  А Исус ѝ рече: „Верувај ми, жено, доаѓа часот кога на Таткото нема да му се клањаат ниту на оваа планина, ниту во Ерусалим.+ 22  Вие го почитувате она што не го познавате,+ а ние го почитуваме* она што го познаваме, зашто спасението доаѓа од Евреите.+ 23  Но доаѓа часот, и сега е тука, кога вистинските поклоници ќе му оддаваат почит на Таткото со дух+ и со вистина,+ зашто Таткото бара такви да го почитуваат.*+ 24  Бог е Дух,+ и оние што го почитуваат* мора да му оддаваат почит со дух и со вистина“.+ 25  Жената му рече: „Знам дека доаѓа Месија,+ кого го викаат Христос.+ Кога тој ќе дојде, сѐ ќе ни објави“. 26  Тогаш Исус ѝ рече: „Јас сум тој, јас кој зборувам со тебе“.+ 27  Тогаш дојдоа неговите ученици, и се зачудија, зашто зборуваше со жена. Но ниту еден не го праша: „Што бараш од неа?“ — или: „Зошто разговараш со неа?“ 28  Жената тогаш ја остави својата стомна и отиде во градот, па им рече на луѓето: 29  „Дојдете да го видите човекот кој ми кажа сѐ што сум направила! Да не е тоа Христос?“*+ 30  И луѓето излегоа од градот и отидоа кај него. 31  Во меѓувреме, учениците го молеа: „Учителе,*+ јади!“ 32  Но тој им рече: „Јас имам за јадење храна за која вие не знаете“. 33  Затоа учениците се прашуваа еден со друг: „Зарем некој му донел нешто за јадење?“ 34  А Исус им рече: „Мојата храна+ е да ја вршам волјата+ на оној што ме испрати и да го довршам неговото дело.+ 35  Не велите ли вие дека уште четири месеци, па ќе дојде жетвата? Еве, ви велам: подигнете ги очите и погледнете ги полињата, зрели се за жетва!+ Веќе 36  жетварот прима плата и собира плод за вечен живот,+ за да се радуваат заедно+ сејачот+ и жетварот. 37  Навистина, во тој поглед е вистинита изреката: ‚Еден сее, а друг жнее‘. 38  Јас ве испратив да го жнеете она за кое не се трудевте. Други се трудеа,+ а вие имате корист од нивниот труд“. 39  А многу Самарјани од тој град поверуваа+ во него поради зборот на жената која посведочи: „Ми кажа сѐ што сум направила“.+ 40  Затоа, кога Самарјаните дојдоа кај него, почнаа да го молат да остане со нив. И тој остана таму два дена.+ 41  И уште мнозина од нив поверуваа кога чуја што зборува,+ 42  па ѝ рекоа на жената: „Повеќе не веруваме поради твоето кажување, зашто самите го чувме+ и знаеме дека овој човек навистина е спасителот+ на светот“. 43  По два дена отиде оттаму во Галилеја.+ 44  А самиот Исус посведочи дека пророкот нема чест во својот роден крај.+ 45  Затоа, кога стигна во Галилеја, Галилејците го примија, затоа што беа виделе сѐ што направи во Ерусалим на празникот,+ бидејќи и тие отидоа на празникот.+ 46  И пак дојде во Кана+ Галилејска, каде што ја беше претворил водата во вино.+ А таму беше еден службеник на царот, чиј син беше болен во Капернаум.+ 47  Кога чу дека Исус дошол од Јудеја во Галилеја, отиде кај него и почна да го моли да дојде и да му го излекува синот, зашто овој беше на умирање. 48  Но Исус му рече: „Ако не видите знаци+ и чуда,+ нема да верувате!“ 49  Царскиот службеник му рече: „Господару, дојди пред да ми умре детето!“ 50  Исус му рече: „Оди си!+ Син ти е жив!“+ И човекот им поверува на зборовите што му ги кажа Исус и си замина. 51  А додека уште беше на пат, во пресрет му дојдоа неговите робови и му јавија дека неговиот син е жив.+ 52  Тогаш тој ги праша во кој час почнал да се чувствува подобро. Му одговорија: „Треската+ го напушти вчера околу седмиот* час“. 53  Тогаш таткото сфати дека тоа беше токму во оној час+ кога Исус му рече: „Син ти е жив“. И поверуваа тој и целиот негов дом.+ 54  А тоа беше вториот чудесен знак+ што го направи Исус кога дојде од Јудеја во Галилеја.

Фусноти

Околу 12 часот, според нашето сметање на времето.
Или: „му покажуваа почит“.
Буквално: „Вие му се клањате на она... а ние му се клањаме на она“.
Буквално: „ќе му се клањаат на Таткото... такви да му се клањаат“.
Буквално: „оние што му се клањаат, мора да му се клањаат“.
Или: „Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Види ја фуснотата за Мт 23:7.
Околу 13 часот.